Коронавирус: Лидерите на ЕУ не се договорија за ковид-пасоши | Свет | DW | 21.01.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Коронавирус: Лидерите на ЕУ не се договорија за ковид-пасоши

Најтешко погодените региони со пандемијата на Ковид-19 ќе бидат сметани за „темно црвени“ зони и патниците од овие региони ќе мораат да се тестираат пред патување и да одат во карантин, одлучи ЕУ

„Темно црвена зона ќе значи дека во таа зона вирусот циркулира на многу високо ниво“, изјави претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен на прес-конференција по завршувањето на самитот на ЕУ кој се одржуваше преку видео-конференција.

„Лицата кои ќе патуваат од темно црвените региони ќе мораат да се тестираат пред заминување, и да одат во карантин по пристигнувањето на одредена дестинација“. Овој систем ќе важи за патување во рамките на ЕУ, додаде Фон дер Лајен.
ЕУ „силно ќе го обесхрабрува“ непотребното патување во рамките на заедницата, но инсистира да се одржат отворени границите за проток на работници и добра.

Лидерите на ЕУ се согласиле за можноста да се воведат заеднички сертификати за вакцинирање, но тие ќе бидат користени за медицински цели.

„Би требало да успееме да се договориме околу заедничките елементи во однос на сертификат за медицински цели“, изјави претседателот на Советот на ЕУ Шарл Мишел. За евентуално воведување на сертификати за патнички цели, или ткн. ковид-пасоши, не бил постигнат консензус, и на таа тема ќе бидат потребни дополнителни разговори.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама