1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Coronavirus China Wuhan medizinisches Personal arbeitet im Labor
Фотографија: Imago Images/Xinhua

Американските тајни служби го бараат коренот на пандемијата

Сузане Ајкенфондер
27 мај 2021

Од каде се појави коронавирусот навистина? Американскиот претседател Џо Бајден ги задолжи американските тајни служби да трагаат по коренот на пандемијата на коронавирусот.

https://www.dw.com/mk/%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%80%D1%83%D1%81-%D0%BA%D0%BE%D0%BE%D1%80%D0%BD%D0%B0-%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D0%B4-%D0%B2%D1%83%D1%85%D0%B0%D0%BD-%D0%B1%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%B5%D0%BD-%D1%82%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B8-%D1%81%D0%BB%D1%83%D0%B6%D0%B1%D0%B8-%D0%BB%D0%B0%D0%B1%D0%BE%D1%80%D0%B0%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BD%D0%B5%D1%81%D1%80%D0%B5%D1%9C%D0%B0/a-57684619

Американскиот претседател Џо Бајден бара спроведување засилена истрага од страна на тајните служби за потеклото на пандемијата на коронавирусот. Службите ќе мора да ги зајакнат своите напори за собирање и анализа на информациите во врска со можна несреќа во лабораторија во Кина и да му поднесат извештај на Бајден, соопшти амерканскиот претседател.

Неговото барање доаѓа по текстот на „Волстрит журнал“ кој ги зајакна претпоставките за несреќа во Институтот за вирологија во Вухан. Весникот во неделата, повикувајќи се на извештај на американските тајни служби, објави дека во ноември 2019 година тројца соработници на институтот во Вухан се разболеле толку тешко, што морале да побараат лекарска помош во клиника. Кина за првите случаи на инфекција со коронавирус јави на крајот на 2019 година.

Бајден сега објаснува дека уште во март побарал извештај од тајните служби - дали избивањето на пандемијата се должи на пренесување на вирусот од животно на човек, или се должи на лабораториска несреќа. Извештајот му бил поднесен во мај. Меѓутоа, тајните служби не се единствени околу прашањето - кое сценарио е поверојатно.

Истовремено, американскиот претседател ја повика владата во Пекинг на поголема транспарентност: „САД и натаму ќе соработуваат со партнери истомисленици за да се врши притисок врз Кина за целосна, транспарентна меѓународна истрага, базирана врз факти и за да се обезбеди пристап до сите релевантни податоци и докази“, рече Бајден.

Konflikt in Nahost | Waffenruhe zwischen Israel und Gaza
Бајден објаснува дека уште во март побарал извештај од тајните службиФотографија: Evan Vucci/AP/picture alliance

Веќе непосредно по почетокот на пандемијата се шпекулираше околу тоа дали вирусот можел да „избега“ при несреќа во институтот во Вухан во којшто се истражуваат коронавируси. Кинеската влада тоа енергично го демантираше.

Во март, тим меѓународни експерти, по налог на Светската здравствена организација, оцени дека е „екстремно неверојатно“ вирусот да „избегал“ од лабораторија по грешка. Поради тоа, тие не ја следеа ваквата трага натаму. Тие сметаат дека е „веројатно до многу веројатно“ вирусот САРС-КоВ-2  од лилјак преку „животно домаќин“ да се пренесол врз човекот. По ваквиот извештај веднаш се појавија сомнежи во него, а шефот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус побара и натаму да се истражува хипотезата за лабораториска несреќа во Вухан. Многу држави изразија загриженост дека на експертите не им бил дозволен пристап до податоци за време на истрагата во Вухан.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Димитар Ковачевски македонското Собрание

Огнени кочии

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми

Врати се на почетната страница