Коронавирус: Голема студија потврдува дека маските помагаат | Свет | DW | 22.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Коронавирус: Голема студија потврдува дека маските помагаат

Австралиски научници по анализата на стотици студии дојдоа до јасен заклучок: заштитните маски, миењето раце и држењето дистанца помагаат во борбата со пандемијата.

Доцна летоска, кога на северната страна се намалија бројките на заразени лица и сѐ повеќе луѓе се вакцинираа, многу влади ги олабавија мерките за корона. Се врати животот во општеството. Се посетуваа ресторани и културни манифестации. Учениците одеа без маски во училиште, а во некои земји беше повторно дозволени користење на јавен превоз без маски. Британскиот премиер дури отиде до таму да прогласи „Ден на слободата”.

Само неколку месеци подоцна бројот на заразени повторно почна брзо да расте и речиси сите влади ги врстија на сила мерките.

Покрај вакцините има уште три мерки кои не се поврзани со големи економски или општествени трошоци, а сепак покажуваат брз успех: држење дистанца, миење раце и носење маска, во идеален случај ФФП2 или ФФП3. И ова навистина помага!

Мета студијата покажува: не можеме да си дозволиме пропусти во хигиената

Ова не е ново сознание, но сега е потврдено од нова, опширна метастудија спроведена од научниците на универзитетот Монаш во австралиската метропола Мелбурн и Центсрот за глобално здравје во британскиот град Единбург.

Анализирани се 36.729 студии кои се занимаваат со јавните мерки за спречување Ковид-19. Повеќето отпаднале како нерелевантни, а за финалната анализа останале 722 студии.

Миењето раце и носењето маски низ бројки

Три од нив со вкупно 10.345 учесници, од кои 292 биле заразени со САРС-Ков-2, даваат јасна слика за ефектот од темелното миење раце. Опасноста од зараза со корона вирус се намалува за 53% ако се одржува добра хигиена на рацете.

Шест студии со 389.228 учесници, од кои 2627 биле инфицирани, укажуваат на ефектот од носење маски што го смалува ризикот од заразување за 53 проценти.

Научниците споредија податоци од 200 различни земји во кои правилото за носење маски различно се применувало. Се покажало дека степенот на смртност од Ковид-19 во земји со обврска за носење маски е 45,7 проценти понизок во однос на земјите каде тоа не е случај. Анализа само на САД покажува дека опасноста од зараза во сојузните држави каде мора да се носат маски е за 29 проценти помал отколку во другите. Можеби игра улога и тоа што таму помалку луѓе користат јавен превоз отколку во други земји во светот.

Други студии од Хонгконг и САД го потврдуваат таквиот тренд. Заклучокот е дека носење маска помага.

Гледај видео 01:14

Посебно важно поради коронавирусот: Како правилно се мијат рацете!

Ако правилно се употребат, од маските има уште поголема корист

Хемичарот Улрих Пешл, директор на Макс Планк институтот за хемија во Минхен, во разговор со ДВ нагласува дека ФФП2-маските не само што намалуваат за 95% испуштањето на партикли од оној кој ги носи, туку и спречуваат вдишување на партиклите од околината додека со ФФП3 маските се намалуваат за 99 проценти. „Тоа значи дека маската ФФП2 ризикот за заразување за оној што ја носи го сведува на една дваесетина, а  ФФП3 маската на стотинка."

Ако сите носат маски заштитниот ефект се мултиплицира и ризикот е енормно низок, вели научникот.

Таквиот теориски ефект на маските не бил измерен во студијата на австралиските научници бидејќи обврската за носење маска со точно наведените стандарди не важи во сите земји кои биле дел од студијата, а од друга страна заштита имасамо ако маската се носи исправно.

"Маската развива целосен ефект само ако е убаво прицврстена. Посебно е важно прстенот на носот убаво да е стегнат и да дихтува", нагласува Пешл. Но, и оние кои немаат толку квалитетни маски на располагање може сосем добро да се заштитат: "Било каква маска е подобра од никаква", вели експертот за аеросоли.

Држење физичка дистанца: нема контакти - нема инфекција

Најделотворно мерка против зараза е сепак држењето дистанца, велат научниците. Во најрадикалната форма таквата изолација била во форма на систематски локдаун кој го таргетира цело општество.

Таквата метода се опишува и како „Нула ковид стратегија” бидејќи повлекува комплетно мирување на економијата, општеството и слободните активности при појава и на само поединечни случаи на заболени. Целта е да нема никакви Ковид-19 случаи веќе. А, ако сепак се појават се прави сѐ што е можно за да се изолираат без одлагање и повторно да се дојде до нула случаи.

Само 4 земји оделе по тој пат, а предничи Кина чијшто авторитарен режим не мора да има многу обѕири спрема човекови права и лични слободи и којашто има високо ефикасен контролен систем во станбените блокови кој граѓаните не можат да го заобиколат. Слична е и ситуацијата со Северна Кореја, но бидејќи од таму нема сигурни податоци научниците не ја споменуваат во мета студијата.

Покрај нив три демократски земји го следеле тој концепт: Австралија, Нов Зеланд и Сингапур на кои им е заедничко ‘островската’ положба - или географски, или како држава град. Битно е дека уште од почетокот на пандемијата можеа ефективно да ги затворат нивните граници. За да биде сето успешно мораа само поединечните случаи брзо и одлучно да ги изолираат, дури и ако владите за тоа мораа да платат висока цена и да воведат преодни строги мерки за граѓаните, општеството и економијата. Научниците не сугерираат дека моделот е применлив на многу држави. Од една страна пандемијата е во напредна фаза во светот и од тука не може да се постигне целта за нула случаи. Од друга страна економијата на многу места не може да си дозволи прекини. Значи на тое места важи држење дистанца преку хоум офис или физички бариери во јавниот простор и продавниците. Тоа се мерки кои релативно лесно може да се спроведат и не чинат многу пари. 

Аудио и видео прилози на оваа тема