Коронавирус-аларм во Вухан: Тестирање на сите жители | Свет | DW | 03.08.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Коронавирус-аларм во Вухан: Тестирање на сите жители

Опасната Делта варијата на коронавирусот се шири и во Кина. Околу една година по последната корона-инфекција во градот Вухан властите наредија масовно тестирање на целото население.

По седум пријавени случаи на коронавирус, како што соопшти надлежниот претставник на власта Ли Тао, итно ќе бидат тестирани сите единаесет милиони жители на Вухан. Најновите инфекции се детектирани кај сезонски работници, тие се први по околу една година регистрирани во градот.

Кинеските здравствени власти претпоставуваат дека новите случаи во Вухан потекнуваат од жариштето во источнокинеската метропола Нанџинг, каде во меѓувреме се воведени рестрикции за стотици илјади луѓе. Пред неполни две недели на меѓународниот аеродром во Нанџинг позитивни на тест за коронавирус биле девет владини службеници. Оттогаш Делта-варијантата се проширува низ сѐ повеќе градови низ Кина, досега се пријавени преку 400 инфицирани во земјата со овој сој. Здравствените служби оваа недела, до денеска, пријавија 61 нов случај на инфекција, вчера беа 55.

Коронавирусот првпат беше зебележан на крајот на 2019 година на пазар за животни во Вухан, по што властите жителите на градот ги ставија во 76- дневен целосен карантин. Најбројната со население земја во светот се справува со коронавирусот со драстични мерки, поради што, изземајќи избувнување на неколку локални жаришта, од минатото лето речиси и да нема нови инфекции.

-повеќе:

Студија: Првите случаи на Ковид-19 во Кина датираат од октомври 2019

Кина демантира дека научници се разболеле пред ковид-пандемијата

Затвор за кинеската новинарка која известуваше од Вухан

Кинеското раководство се раководи од т.н. нула Ковид-стратегија: доколку во некој град или провинција се појават мали кластери, погодените области се ставаат во целосна изолација и сите жители се тестираат за присуство на вирусот. Во борбата за сузбивање на пандемијата, по првичниот голем бран на заразата, во последно време под строг локдаун се ставани повеќе градови, воведени беа ограничувања во патувањата во земјата и вршени масовни тестирања. 

Во градот Џуџоу во провинцијата Хунан вчера властите издале наредба преку 1,2 милиони жители три дена да мора да останат во своите домови. Во тоа време тие треба да бидат тестирани, а кампањата за вакцинирање засилена. Нови случаи вчера се откриени и во омилениот туристички регион Хаинан, како и во провинцијата Хенан, претходно опустошена од поплави. 

 

Поврзана содржина