Коронавирусот ја турна еврозоната во историска рецесија | Економија | DW | 31.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Коронавирусот ја турна еврозоната во историска рецесија

Економијата на еврозоната сега и официјално влегува во својата најдлабока рецесија досега по двата катастрофални квартали во 2020 година поради пандемијата на Ковид-19.

Вистинските економски последици од пандемијата на коронавирусот во Европа стануваат сè појасни додека државите ги објавуваат своите економски биланси за периодот од април до јуни. Имано во вториот квартал од 2020 економијата на еврозоната дзабележала пад од рекордни 12,1 процент, говорат прелиминарните проценки објавени денеска во Брисел. 

Иако во моментов касите повторно ѕвонат во продавниците, рестораните, хотелите низ цела Европа а туристичките атракции, кои беа морничаво тивки во пролетта повторно се заживеани и опкружени со илјадници луѓе, сепак , никој не знае со сигурност како ќе се развива пандемијата во текот на следните неколку месеци.

Но, она што станува јасно е дека економската штета предизвикаа во Европа од коронавирусот меѓу април и јуни е со историски размери.

Повеќе:

-Германската економија соочена со тешки времиња

-Корона-криза? Не за секого!

-Како ќе се делат милијардите евра во ЕУ и кој ќе ги враќа долговите?

Тоа беше периодот кога строгите рестрикции и карантини доведоа до застој на голем дел од економијата на континентот. Податоците за тој период сега се достапни, а вестите се полоши од што било што еврозоната досега видела.

Тоа значи дека економијата на еврозоната влезе во најдлабоката рецесија во својата повоена историја. Шпанија забележа пад на својата економија од огромни 18,5%. Падот на економијата во Франција во вториот годинешен квартал изнесува 14 проценти, на Италија пак 12,4% . И најголемата економија на еврозоната- германската доживеа рекорден пад на  БДП од околу 10%.

Само 19 од 27 членки на ЕУ се дел од еврозоната. И додека предвидениот пад на економијата на монетарната унија во вториот квартал од 2020 изнесува 12,1 процент, за целата ЕУ тој е незначително помал, односно 11,9 насто. 

Со оглед на тоа дека случаите на Ковид-19  на континентот се повторно во пораст, се множат стравувањата од втор бран на рестрикции и карантини. Но дури и без тоа, влијанието на пандемијата врз економијата веројатно ќе се чувствува уште долго.

 

Реклама