Коронавирусот урива рекорди: Нови 193 заразени во земјата, 140 во Скопје | Северна Македонија | DW | 17.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Коронавирусот урива рекорди: Нови 193 заразени во земјата, 140 во Скопје

Податоците кои денеска ги објави министерството за здравство упатуваат на нова ескалација на бројот на заразени од Ковид-19 во земјата. Особено тешко е погоден главниот град каде бројките и натаму се највисоки.

Над 70 проценти од новозаразените со коронавирус кои во изминатите 24 часа ги евидентирало Министерството за здравство се од Скопје, покажуваат денеска објавените податоци. Од направени 1391 тестирања, регистрирани се 193 нови случаи на Ковид-19, и тоа во:

Скопје-140,
Тетово-19,
Охрид-11,
Штип-6,
Струга-5,
Гостивар-4,
Куманово, Велес и Ресен по 2;
и Дебар и Свети Николе по еден случај.

Во болниците починале 9 лица, а 46 пациенти оздравеле. Во моментов активни се 2,469 случаи на заразени со коронавирус, а 328 луѓе се хоспитализирани.

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама