Коронавирусот и натаму во галоп, границите остануваат отворени | Северна Македонија | DW | 03.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Коронавирусот и натаму во галоп, границите остануваат отворени

Судејќи и според денешните бројки нема назнаки дека епидемијата на Ковид-19 во земјата стивнува. Од друга страна, македонските граници со Србија и Косово остануваат отворени и покрај влошената епидемиoлошка состојба таму

Македонското министерство за здравство попладнево објави дека во изминатото деноноќие во земјата од последиците на Ковид-19 починале уште 7 лица, а  регистирани се нови 165 случаи на заразени од коронавирусот.

Како што се наведува во соопштението, вкупниот број на починати од Ковид-19 порасна на 328, а бројот на дијагностицирани случаи од почетокот на епидемијата изнесува 6.787.

Бројот на активни случаи изнесува 3.583, а на распираторна машина се приклучени 9 пациенти. Институтот за јавно здравје денеска регистрираше уште 128 оздравени пациенти, со што бројот на излечени се зголеми на 2.876.

Во претходните 24 часа се направени 1.454 теста, а од почетокот на епидемијата во земјата се направени 64.837 теста.

Повеќе:

-Скопје и регионалните престолнини жаришта на вирусот

-Повторно рампа на границите кон Србија и Косово?

-Кај македонските граѓани растат песимизмот и недовербата кон партиите

Повторно, како и во сите изминати денови, најмногу нови инфекции се регистрирани во главниот град- 71. Во Скопје, во моментов има 1983 активни случаи, а од почетокот на епидемијата од коронавирусот се заразиле 3280 луѓе. 

Границите со Србија и со Косово остануваат отворени

Инаку и покрај најавите за можно затворање на границите со Србија и со Косово, тие засега остануваат отворени , откако Комисијата за заразни болести го одложи за денеска најавеното евентуално донесување на препораки за повторно затворање на границите со овие соседни земји.

Министерот за здравство, Венко Филипче, за македонските медиуми, изјави дека засега состојбата со границите останува како што е, додека не се добијат потребни информации од соседните земји. 

Според извори во Комисијата, се чекаат дополнителни информации и наредните неколку дена ќе се следи развојот на епидемиолошката состојба во овие две земји, за повторно да би се одлучило за евентуално затворање на границите.

Инаку македонските граници за странски државјани беа отворени пред само 6 дена, од кога во земјата дневно влегуваат во просек 5.000 патници

 

Реклама