Коронавирусот ги проби ѕидовите на диктатурата | Свет | DW | 14.05.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Коронавирусот ги проби ѕидовите на диктатурата

Властите во Пјонгјанг конечно признаа дека и во нивната земја има коронавирус. По сѐ изгледа состојбата е алармантна, но режимот и натаму отфрла вакцини и друга помош од странство.

Заседание на севернокорејскиот државен врв со заштитни маски

Заседание на севернокорејскиот државен врв со заштитни маски

Повеќе од две години од почетокот на пандемијата, Северна Кореја дури оваа недела потврди дека коронавирусот ги преминал нејзините граници. За тоа првпат се говореше во четвртокот, а до денеска се потврдени 27 смртни случаи. Над половина милион луѓе, наводно, биле заразени, а околу 280.000 биле ставени во изолација.

Претседателот Ким Јонг Ун зборуваше за „голема катастрофа“.

Признанието дека земјата има голем проблем со короната беше изненадување за набљудувачите по двегоддишниот молк, или тврдењата дека Северна Кореја имала успех во спречувањето на вирусот со строга контрола на границите. За волја на вистината, признатите виролози не веруваа дека во изолираната диктатура досега немало ковид , но меѓународните здравствени службеници кои можеа да посведочат за тоа, претходно беа избркани надвор од земјата.

Полагање надеж во локдаунот

Од време на време, дисидентските медиуми известуваа дека вирусот се шири, а неговите жртви - оставени на милост и немилост на слабиот здравствен систем - биле закопувани пред да се утврди причината за смртта. Но, до четвртокот, режимот на Ким инсистираше дека ковид кај нив нема.

Улиците на Пјонгјанг речиси празни

Улиците на Пјонгјанг речиси празни

Во септември минатата година, Пјонгјанг дури и ја отфрли понудата на УНИЦЕФ да добие три милиони дози од кинеската вакцина Синовак, тврдејќи дека ќе се бори против вирусот „на сопствен начин“.

Во четвртокот, меѓутоа, Ким Јонг Ун нареди национален локдаун. Се појавија и непотврдени извештаи за панично купување на храна и за недостиг на основни производи во продавниците.

„Состојбата во јавното здравство мора да биде сериозна штом Пјонгјанг јавно ги призна случаите на Омикрон“, вели Леиф-Ерик Изли, професор по меѓународни студии на женскиот универзитет во Сеул.

„Пјонгјанг веројатно ќе ја следи политиката на локдаун со сета сила, иако фијаското на кинеската политика на нула-ковид покажува дека овој пристап не функционира против сојот Омикрон на коронавирусот“, изјавитој за ДВ. „Би било мудро режимот на Ким да ја проголта својата гордост и да побара донации од вакцини и медицински материјали“.

Можни ли се немири или протести?

Но властите во Пјонгјанг и покрај признанието за ширење на коронавирусот во Пјонгјанг и натаму одбиваат каква било странска помош, која веднаш беше понудена, во прв ред од соседна Јужна Кореја. 

„Тешко е да се знае што се случува во Северна Кореја бидејќи тоа е толку затворено општество и не можеме да веруваме што велат тие“, вели Парк Јунг-Вон, политиколог од јужнокорејскиот универзитет Данкук. „Но, верувам дека ќе има многу случаи на ковид во земјата“.

Овој професор за ДВ вели дека во Северна Кореја не може да се очекуваат немири или протести на граѓаните поради локдаунот или лошата здравствена заштита. „Режимот ќе го искористи за пропаганда, за да му покаже на светот како сѐ е под контрола, а народот ги слуша наредбите на властите“, додава Парк.