Корановариус: До каде ќе оди падот на берзите? | Економија | DW | 18.03.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Корановариус: До каде ќе оди падот на берзите?

На берзите владее паника или вонредна состојба. Никогаш досега Дакс и останатите индекси не паднале толку многу за толку кратко време. Инвеститорите и експертите се прашуваат кога на оваа катастрофа ќе ѝ дојде крај.

Вчера утрото постоеше мала надеж, зашто берзите стартуваа со позитивен предзнак. Во согласност со денот, зашто во берзанскиот жаргон постои поим – Turnaround Tuesday, пресвртен вторник . „Обично понеделник или вторник претставуваат класичен пресвртен момент. Така беше во 1929 и во 1987 година“, вели Роберт Ретфелд од берзанската служба Веленрајтер-Инвест. Споменатите две години се поим за крах на берзите и како такви влегоа во историјата. Она што во овие денови се случува на берзите, нема споредба. „Не постои ваков преседан. Вакви падови за толку кратко време се вистинска бруталност."

Во понеделникот Волстрит го доживеа најцрниот ден од 1987 година наваму. Во рок од само неколку дена, трговијата со акции мораше да биде прекината по третпат, зашто загубите на курсевите експлозивно го пробија предвидениот лимит. Индексот Дакс во изминатите две недели загуби околу една третина од својата вредност. И во Азија инвеститорите во паника ги напуштаа пазарите на акции. „Ваква ситуација не е забележана во историјата“, истакнува берзанскиот стратег на Дека банката, Јоахим Шалмајер: „Речиси целокупната стопанска активност во голем дел едноставно застанува.“

Стопанството делумно потклекна

Во првиот бран се чинеше дека кризата ќе остане ограничена на Кина. Пекинг реагираше решително, во цела земја воведе забрана за движење и на луѓето им дозволи да работат максимално само од дома. Последиците се почувствуваа и во останатите делови од светот, на многу места производството мораше да запре, зашто дојде до прекин на синџирот на снабдување од Кина. Значително поголем пад следеше потоа на европските и американските берзи во втор бран, кога вирусот стигна во Италија и Европа.

Драстичните воведени мерки сега и во Европа парализираа големи делови од економијата, на пример Фолксваген го запре производството во своите фабрики. „Постои големо стравување дека сега сме само на почетокот. Европа е целосно погодена. Во САД целата работа допрва почнува. Тоа значи: паѓаме во длабока глобална рецесија. А токму тоа е она што толку ги вознемирува финансиските пазари“, смета Јоахим Шалмајер.

Кога конечно ќе тргне кон подобро?

Кога ќе запре падот на берзите, секако никој не знае точно. Сепак, можно е, по вакви жестоки крахови, долната точка да биде достигната во овие или следните денови. Еден од барометрите кон кој гледаат експертите во вакви тешки ситуации, на пример е ВДакс ( DAX-Volatilitätsindex, VDAX), индексот кој ги мери димензиите на варирањето на водечкиот германски индекс Дакс. ВДакс во изминатите денови буквално експлодираше, очекуваните колебања врз основа на несигурноста значи се енормни.

„Ситуацијата е целосно нова и екстремите се жестоки“, вели Роберт Ретфелд. „Тоа е барем знак дека се наоѓаме близу привремена најниска точка.“

Но, дури и во случај да е достигнато дното, и тој, како и други аналитичари, не очекува дека курсевите на акциите едноставно ќе почнат да се движат нагоре.

Инвеститорите веројатно прво ќе се обидат да ги сортираат информациите кои пристигнуваат, да ги вреднуваат и дури потоа да дејствуваат согласно со нив. Затоа, експертите по стигнувањето на дното очекуваат прво извесни странични движења, со повремени високи осцилации нагоре или надолу.

Повеќе:

Коронавирусот и берзите: Ќе биде ли уште полошо?

Коронавирус: Песната на црниот лебед

Германија: Неограничен кредит за фирмите поради коронавирусот

Коронавирусот – Крај на глобализацијата?

Како тоа би изгледало можеше да се насети вчера. Утрото се чинеше дека, по жестоките загуби од изминатите денови, пресвртот е на дофат на раката со препознатливи плусови на курсевите. Но, плусовите се распрснаа и Дакс повторно влезе во минус. Сутуацијата на берзата вистински ќе се подобри дури тогаш кога ќе преовладеат добри вести во врска со коронавирусот. Тоа може да се случи доколку во Европа почне да стагнира бројот на новозаразени или дури почне да се намалува. Зашто дури тогаш ќе може да се почне со размислување за повторно проширување на слободата на движење – за луѓето, претпријатијата и економијата.

Реклама