Конфликтот на Турција со Курдите продолжува | Вести | DW | 28.10.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Конфликтот на Турција со Курдите продолжува

*

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоан се закани со воена интервенција откако пропаднаа кризните разговори со ирачката влада околу пробелмот со Курдите во Северен Ирак. Ќе бидат преземни воени мерки, кога тоа ќе биде неопходно нагласи Ердоан. Премиерот истовремено ги релативираше изјавите на шефот на генералштабот на турската армија Јашар Букујанит, според кого нема да има офанзива пред посетата на Ердоан на САД, на 5 ноември. Ердоан истакна дека незнае што ќе се случи дотогаш. – Курдската работничка партија ПКК најави дека наскоро ќе ги ослободи осумте турски војници киднапирани пред една недела. Борците на ПКК од бази во Северен Ирак постојано изведувата напади на Турција.