Конечна смрт на демократијата во Турција | Свет | DW | 07.05.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Конечна смрт на демократијата во Турција

Локалните избори во Истанбул ќе се повторат откако изборната комисија ја усвои жалбата на владејачката партија. Тоа покажува дека Ердоган прави се за да не загуби, дури ни на локално ниво, смета Еркан Арикан.

Поразите за Ердоган не доаѓаат во предвид. Особено не во Истанбул. Иако локалните избори практично завршија на 31 март на сите им беше јасно дека ќе има продолженија. Иако победникот Екрем Имамоглу од опозициската кемалистичка ЦХП веќе беше прогласен за градоначалник на метрополата, владејачката АКП и претседателот Ердоган сторија се за да не го изгубат Истанбул.
Најпрво повторно се броеја гласовите во општините каде што беше најгусто, потоа наводно нешто не беше во ред со гласачките ливчиња. Сега верзијата гласи дека контролорите на гласачките места не биле државни службеници. Чудесна аргументација- мнозинството контролори беа од редовите на АКП.
На некои претходни избори не беше така, напротив. Тогаш беа одбивани жалбите на опозицијата дури и кога се случуваа повеќе од едноставни „неправилности“. Сегашната одлука на изборната комисија гласањето да се повтори е последен клин во ковчегот во кој е положена демократијата во Турција.

Erkan Arikan Kommentarbild App (DW/B. Scheid)

Еркан Арикан

Се множат прашањата: зошто изборната комисија ја прифати жалбата на АКП? Зошто одлуката беше трипати одложувана? Како ќе реагира економијата на повторното гласање? Наместо одговори, само шпекулации. Ни највисокиот изборен орган не одолеа на притисокот од Ердоган. Оваа одлука е конечна и официјална и повеќе не може да се доведува во прашање.
Дури и тајмингот на одлуката е внимателно одбран- во понеделникот беше прв ден од рамазанскиот пост, па не се очекуваше дека ќе избувнат масовни демонстрации на противниците на режимот. И не само тоа: одлуката е соопштена по затворањето на берзите во надеж дека утрото нема да донесе поголеми потреси. Но, економските експерти предвидуваат дека повторувањето на изборите ќе значи натамошен пад на турската лира во однос на доларот и еврото.
Уште поважно од тоа е дека демократијата во Турција е поразена- без оглед на исходот на повтореното гласање за Истанбул на 23 јуни.

 

DW.COM

Реклама