„Комјутер за секое дете“ - проблеми во училиштата | Македонија | DW | 21.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Комјутер за секое дете“ - проблеми во училиштата

Владата на Никола Груевски е решена во наредните две години да потроши вкупно 22 милиона евра за компјутеризација на сите основни и средни училишта во Македонија, или за вкупно околу 300.000 ученици.

Младите и компјутерските познавања

Младите и компјутерските познавања

За компјутеризација на училиштата, во буџето на Република Макеоднија за 2007 година веќе се обезбедни 9 милиони евра, со кои би се набавиле половина од ефтините компјутери, кои наводно би чинеле од 100 до 150 долари. Амбициозно, без преседан гордо велат во власта, но така не мислат сите во Македонија. Првичната рекација во медиумите беше дека владата говри за компјутеризација кога повеќе од половината основни училишта се без елементарни узлови за работа. Едни немаат решено греење, други имаат проблеми со напојување со струјата, трети пак немаат доволно клупи и столчиња ниту простории за сместување на учениците, а не пак простор за комјутери, за софтвер или интернет.

И покрај ваквата резервираност на дел од јавноста за реалните проблеми во училиштата, во министерството за образование како носители на проектото, сметаат дека идејата е добро примена од граѓаните и пред се од учениците и младите. „Како министертво за образование и наука, ние навистина сме реални и објективни во однос на состојбата во која се наоѓаат одреден број училишта, но сепак тоа не знечи дека треба да се откажеме од еден ваков крупен проект, бидејќи самото по себе, имплементирањето на овој проект, компјутер за секео дете, ќе потегне решавање на голем борј други прашања во одно на инфраструктирата. Секако да се постави еден комјутер ќе треба да се обезбеди и пристојно биро, ќе треба да се направи инсталација во училиштето, така што освен оној дел од буџетот што ќе биде одвоен за компјутеризација на училиштата ќе се води сметка и за подобрување на инфраструктурата.“ вели портпаролот на министерството за овбразование, Сузана Џантоска.

Меѓутоа така не мислат во опозицијта, каде се на ставот дека оваа иницијатива е потполно неостварлива „ Прво не постојат комјутери за 100 долари, како што прокламираа во јавноста, постои некоја иницијатива за земјите на јужна Америка, во Малезија или Сингапур да се склопуваат лаптопови, и би чинеле најефитино по 150 долари. Но тие нема да имаат хартдиск, ќе имаат нешто помали димензии, во кои нема да може да биде вграден оперативниот систем на Мајкрософт, што значи ќе купат играчки. Но и да се купат комјутери поголемата работа следи во нивното поврзување, потребната опрема за поврзување, и обезбедување на бесплатен интернет кој за деццата е неопходен. Третата димензија е обука на наставниот кадар. Четврта димензија е во каква инфраструктура ќе ги внесат компјутерите.“ вели пратеникот Тале Герамичивески, кој до пред три месеци беше заменик министер за образование и затоа вели дека знае со аккви се проблеми се судруваат училиштата во Македонија, во ки биле распреодени и 5.000 комјутери донација од кинеската влада.

Според него најголем проблем било мрежното поврзување на комјутерите, потоа информатички неедуцираниот наставен кадар и на крајот кражбите во училиштата. Затоа Герамичиевски својатаа аргуменација ја завршува шеговито „Ова ми личи на приказната немате леб да јадете, а некој ви нуди мерцедес.“

Наспроти политиката без која во Македонија се чини ништо не може да се помрдене од мртва точка, младите се одушевени од идејата достапноста до компјутерите. Нивните размислувања според нашата анкета, досегаат многу подаелку од дневната политика

„Тоа е добар начин за младите луѓе да се инкорпорираат во системот, на тој начин што се учат најосновните работи кои се неопходни за секое вработување.“ „ Мислам дека е одлична можност за сите да научат нешто повеќе. “ „ Ќе помогне затоа што се учат доста нови работи.“ „Се изучуваат основни работи за вблез во компјутерските програми.“ велат младите за оваа идеја за комјутеризаиција на училиштата.