Компромис за името: Ѓаволот е во деталите | Северна Македонија | DW | 25.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Компромис за името: Ѓаволот е во деталите

Спорниот компромис околу името на соседна Македонија е ратификуван и во парламентот во Атина. Но, дали со тоа конфликтот е навистина завршен? Ќе има уште многу работа, смета Јанис Пападимитриу

Крајно време беше да се дојде до компромис во спорот околу името „Македонија“. Повеќе од 25 години сите страни уверуваат дека се расположени и способни тоа да го сторат. И секогаш кога делуваше дека договорот е блиску, со повлекуваа и зборуваа дека тие навистина би сакале да постигнат компромис, ама не токму тој компромис кој е сега на масата, баш денеска, баш во овој момент, токму во оваа преговарачка рунда.
Со особено трпение, американскиот дипломат Метју Нимиц се обидуваше да посредува во спорот уште од раните 1990 години. Разбирливо е што сега се во фокус главните актери: грчкиот и македонскиот премиер Алексис Ципрас и Зоран Заев. Но, во Атина повремено од независни извори се слуша дека овој историски компромис можеби (исто така) го носи и печатот на Нимиц.

Уште многу пречки

По преговорите е пред преговорите. Вистината е дека за почеток Ципрас и Заев одработија огромна работа за да се спроведе спорниот договор, и покрај сите противења од сопствените редови, како во Скопје така и во Атина. Но, ѓаволот се крие во деталите. Многу прашања остануваат нерешени. Дали името Северна Македонија ќе опстане? Дали премиерот Заев има одговор на политиката на блокада од страна на претседателот Ѓорге Иванов? Може ли левичарскиот премиер Ципрас без парламентарно мнозинство да остане на функцијата? Кој ќе смее да произведува македонско вино и како ќе бидат заштитени правата на тој бренд? На сите овие прашања треба да се пронајдат убедливи одговори- што побрзо тоа подобро.
Во Грција во меѓувреме се формира отпор кон наводната распродажба на Македонија. На улиците излегуваат десетици илјади, иако, за  волја на вистината, а во раните 90-ти излегуваа стотици илјади луѓе.

Jannis Papadimitriou (DW)

Јанис Пападимитриу


Симпатизерите на десно екстремната Златна зора преку социјалните мрежи објавија дека нивната партија е втора најсилна во земјата, иака таквите тврдења немаат упориште во истражувањето на јавното мислење. Решавачкото прашање всушност гласи: Дали по можната промена на владата во Атина, договорот за Македонија би можел да биде доведен во прашање? Во овој момент малку работи говорат во прилог на таа теза.

Мицотакис по стапките на Ципрас
Вистина е дека водечкиот конзервативен опозициски политичар, Кирјакос Мицотакис ги уверува своите приврзеници дека ќе стори „се за да го спречи усвојувањето на договорот во парламентот“. Тој не споменува дека како иден премиер би можел да го урне компромисот. Можеби Грција преживува ново издание на политичкиот трилер во кој шефот на владата почитува меѓународен договор, кој, додека бил во опозиција, го отгфрлал. Така беше и пред точно четири години: во јануари 2015 Ципрас, шеф на крајно левичарската Сириза, победи на парламентарните избори во Грција врз основа на ветувањата дека ќе им стави крај на диктатите на меѓународните кредитори за мерки за штедење. Но, на крајот се испадна поинаку.
Како и да е, Ципрас може да тврди дека ги молел гласачите да му дадат нов мандат за неговото вртење кон реалноста и дека и го доби- со реизборот во септември 2015. А големиот тактичар не сака да го искористи договорот околу Македонија само во внатрешнополитички цели: таканаречените прогресивни парламентарци од сите партии, било да се работи за умерени левичари, социјалдемократи или социјално ориентирани либерали, би требало да ги засилат редовите на Сириза за да им се спротивстават на националистите и на оние кои вечно живеат во минатото. И тоа најпрво во имплементацијата на договорот за Македонија. А потоа и на европските избори во мај.

DW.COM

Реклама