Комплицирана рехабилитација на тешко болните од Ковид-19 | Панорама | DW | 20.06.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Комплицирана рехабилитација на тешко болните од Ковид-19

Поради тоа што Ковид-19 напаѓа различни органи многу лекари специјалисти мораат заедно и интердисциплинарно да работат на рехабилитацијата на пациентите, вели пулмологот и кардиолог, Андреас Деш.

ДВ: Професоре Деш, Вие во Вашата клиника лечите меѓу другото и пациенти заболени од вирусот Ковид-19, кои ја преѓивеале многу тешката болест. Што е посебно во рехабилитацијата на овие пациенти?

Андреас Деш: Она што е посебно кај заболувањата што ги предизвикува Ковид-19 е што вирусот не ги погодува само белите дробови. Всушност се работи за мултисистемско заболување и ние секој ден учиме по нешто ново. Иако некои пациенти најмногу имаат симптоми на белодробни заболувања, тоа се исто така пациенти на кои срцето им е многу погодено. Или пак се случуваат невролошки компликации, откажување на бубрезите или кожни компликации.

Тоа бара многу интензивен контакт меѓу лекар и пациент; што значи дека пациентите мора да се лечат интердисциплинарно и во нивното лекување да биде вклучен поголем број на специјалисти. Тоа е многу сложено со оглед на тоа дека мора да ја разберете комплетната клиничка слика на пациентот.

Тоа се тешки пациенти, кои и по неколку дена знаеле да бидат во кома. Каде почнувате?

Во преден план е секако подобрување на работата на дишните патишта. Се обидуваме да ја поттикнеме силата на дишната муслулатура и да ја подобриме општата отпорност.

Asklepios Klinik Bad Salzungen | Andreas Dösch, Lungenarzt & Kardiologe (Asklepios Klinik Bad Salzungen)

Др. Андреас Деш

И тогаш пациентите би морале полека да се вратат на нормален живот? 

Најважно е мерките кои ги применуваме да бидат прилагодени на секој пациент посебно. Тоа вклучува и разбирање што е во состојба да направи пациентот. Не се сите врзани за кревет, некои се веќе мобилни и може да се качат по две-три скалила. Тоа мора да го прилагодиме при изборот на третманот за лечење. Имаме на пр.посебни програми за пациенти во чии рамки повторно учат да држат рамнотежа па сѐ до малки поспортски терапии. А, тоа мора да се усклади со велокупната состојба на пациентот. Имаме и терапија на дишење на различни нивоа; и тоа исто така го прилагодуваме на секој пациент поединечно.

Покрај дробовите, што може со рехабилитација да се направи за другите погодени органи?

При приемот на пациентот мора да се направи преглед на кардиоваскуларниот систем. Тука спаѓа и тест за оптоварувањето на срцето (ергометриски стрес тест) и ултразвук на срцето. Крвта се дава на анализа и се проверуваат одредени ензими или други вредности кои би можеле да дадат информации за оптоварувањето на срцето. Тогаш може да се преземе нешто за подобрување на крвниот притисок. Висок крвен притисок е - покрај дијабет и одредени болести на срцето, дробовите и бубрезите или рак - исто така ризичен фактор за тешко болните од Ковид-19. Тука спаѓа и прекумерната тежина. Значи се обидуваме пациентот да го разбереме и лечиме во целост. А, тоа може да биде од нормализација на крвниот притисок до медицинско советување за исхраната или терапија за намалување на телесната тежина.

Тука може да спаѓаат и етаблирани терапии за одвикнување од пушење. Сѐ тоа лечењето го прави многу комплексно бидејќи не се бара само експертиза на докторите, важна улога играат и физиотерапевтите, стручњаци за диети или логопеди.

Повеќе:

-Ковид-19: Опасниот страв од одење на лекарски преглед

-Нова енигма за лекарите: долгорочно позитивни пациенти

-Лекари шокирани од брзината со која убива коронавирусот

Кај пациенти заболени од Ковид-19 типични се пречки кај чувството за мирис и вкус, кои исто такасе обидуваме да ги лечиме со специјалисти за уво, нос и грло.

Колку долго трае терапијата?

Може да трае од три до шест седмици, во зависност од напредокот на пациентот. До сега сме лечеле околу 30 пациенти заболени од Ковид-19. Најголем дел од нив, 80%, покажаа за време на рехабилитацијата значајно подобрување. 

Гледај видео 01:39

93-годишниот Херберт го победи коронавирусот

Кога ќе бидат отпуштени им се закануваат ли долгорочни последици специфични за коронавирусот?

Одредени промени на дробовите веројстно се трајни. Има и индикации дека остануваат трајни последици за срцето. А, може да се јават и трајни невролошки болести. Но, сѐ уште не знаеме доволно за да може да ги предвидиме долгорочните последици. Многу често се соочуваме со тромботски промени. Емболија на бели дробови често се јавува во текот на болеста, која може да доведе и до подоцнежни последици. А, тоа го знаеме и од нормалниот тек на белодробна емболија. Тоа што ја прави болеста тешко предвидлива е фактот дека не се работи само за белодробна емболија, туку може да дојде до влошување на работата на бубрезите, а потоа пациентите мораат редовно на дијализа. И невролошките проблеми може да се јават синхронизирано. Тоа е тоа што го прави лечењето комплексно.

Врз основа на Вашето искуство, а кога станува збор за оваа болест, на што секој би требало да обрати внимание?

Советувам болеста да се сфати сериозно и препорачувам да се почитуваат заштитните мерки и ограничувањето на контактите.  А клиника немаме само пациенти од ризичните групи, туку и млади луѓе во полна снага кои немале други претходни заболувања. Затоае екстремно важно како и до сега, добро да го контролираме развојот на болеста. А, за тоа е важно да ги спроведуваме важечките препораки.

Проф.др. Андреас Деш е специјалист за интерна медицина, кардиологија и пулмологија на Асклепоис клиниката во Бад Залцунген. Неговиот фокус е на рехабилитација на пациенти со хронични опструктивни болести  на белите дробови или пациенти заболени од канцер на бели дробови. Од почетокот на пандемијата на вирусот, лечел и голем број пациенти заболени од Ковид-19. Деш се занимава и со социјална медицина, исхрана и пореметувања на метаболизмот на маснотии.

 

Реклама