Комеморација за загинатите фудбалери | Свет | DW | 03.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Комеморација за загинатите фудбалери

Телата на фудбалерите кои загинаа во авионската несреќа во Колумбија се пренесени во Шапеко.

50-те ковчези со телата на загинатите беа пренесени со два транспортни авиона. На аеродромот во Шапеко беше поставена почесна армиска гарда. Последна почит на загинатите им оддаде и бразилскиот претседател Мичел Темер.

Телата на загинатите од фудбалскиот клуб Шапекоенсе потоа беа пренесени на стадионот Арена Конда, каде беше одржана комеморација.

При падот на авионот во Колумбија загинаа 71 лице, а преживеаја шестмина: тројца играчи, двајца членови на екипажот и еден новинар. Нивната состојба во меѓувреме е стабилна.

Гледај видео 01:03

Шапеко: И небото плачеше

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама