Комеморативен собир што се претвори во крвопролевање | Свет | DW | 13.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Комеморативен собир што се претвори во крвопролевање

Првите масовни демонстрации на движењето Фатах во појасот на Газа од преземањето на власта во оваа палестинска област од страна на ривалскиот Хамас,завршија со крвопролевање. Најмалку шест загинаа а 85 лица се повредени.

default

Припадници на Хамас во Газа

Тоа беше најголемиот собир на Фатах во појасот на Газа , откако радикално исламистичкиот ривал ја презема власта таму ова лето.

И покрај масовното присуство на полицијата на Хамас, долго време изгледаше дека протестите во чест на легендарниот Јасер Арафат ќе минат во мирна празнична атмосфера.

Стотици илјади луѓе дојдоа во центарот на градот Газа , многумина од нив ги вееја жолтите знамиња на Фатах а уште повеќе на собирот можеа да се видат официјални палестински знамиња . Многумина носеа фотографии на Арафат и пееја пофални песни за поранешниот палестински претседател , кој почина пред три години

Кој прв пукаше ?

Собирот се ближеше кон крајот , кога одеднаш одекнаа истрели

Изби паника , луѓето бегаа еден преку друг . Болниците во Газа постојано јавуваа а нови загинати и повредени .

сеуште не е разјаснет ни точниот повод за насилствата , ниту точниот развојот на настаните . Сепак очевидци велат дека првите истрели ги испукала полицијата на Хамас , откако демонстрантите започнале да скандираат шиити , шиити – значи една провокација за сунитските Муслимани од Хамас.

Двете страни сега меѓусебно се обвиниваат . Во Фатах истакнуваат дека луѓето на Хамас први отвориле оган , овие пак го тврдат спротивното, односно дека било пукано врз нив и морале да се бранат.

Расте подршката за Фатах и Махмуд Абас

И покрај загинатите и повредени , демонстрациите во Газа се вреднуваат какао доказ за силата на Фатах и како исказ на растечкиот протест против радикалните исламисти , по чие преземање на власта во Газа натамошно се влошија условите за живот.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас пак комеморијалниот собир во чест на Арафат на Западниот брег го искористи за критика на Хамас. Тој меѓутоа упати на важноста на планираната Конференција за Блискиот Исток во САД

„Конференцијата е историска шанса за отворање ново поглавје во историјата на Блискиот Исток“ – изјави Абас во Рамала.

Најновите анкети , но и собирите на Западниот Брег и во Газа , упатуваат на тоа дека Абас може да смета на подршката на мнозинтвото Палестинци.