При најновиот скок на бројот на новоинфицирани во површински најголемиот кантон во Швајцарија, посебно паѓа во очи дека се заразиле и лица кои носеле визири, соопшти Здравствената служба на кантонот Граубинден. Анализа на случаите и патиштата на зараза покажала дека првенствено во гастрономијата широко распространетите визири нуделе недоволна заштита од инфекција. Тие нудат лажно чувство на сигурност, објаснува кантонскиот лекар Марина Јамницки. Оттаму, оценката на здравствената служба е кратка и јасна: таа е против употреба на пластични визири како заштита против коронавирус. Здравствената служба им препорачува на претпријатијата чии вработени досега користеа визири, преработка на нивниот концепт за инфективна заштита. Доколку не е можно одржување на пропишаната физичка дистанца од 1,5 метри, се препорачува користење на заштитна маска. Предупредувањето издадено од кантонот кој граничи со Италија и Австрија отвора сериозни дилеми околу стратегијата на повторно отворање на ресторани, хотели и други фирми во Европа зависни од туризмот.
Спор околу делотворноста
Заштитниот ефект против коронавирус на визирите е спорен, нивната докажаност и натаму е „тенка". Во Германија визирите се дозволени во повеќе сојузни покраини, делумно под одредени услови, како во Долна Саксонија, Рајнланд Пфалц и Хесен, меѓу другото и под притисок на претпријатијата заради олеснувања за своите вработени. Познатиот германски виролог Александер Кекуле визирите во својот подкаст ги оцени за „еднакво добри" како и платнените маски.
Овој фризер игра на сигурна карта во заштитата против коронавирус
Германското сојузно министерство пак во овој контекст упатува на Институтот Роберт Кох, а оттаму препорачуваат носење заштитна маска која ги покрива устата и носот. Визирите не се сметаат за еднакво делотворна алтернатива. Пластичните штитници по правило можат да ги задржат само ситните капки кои паѓаат директно на нивната површина, објаснуваат од Институтот. Текстилната заштита маска, доколку е правилно поставена, може напротив да го задржи и страничното ширење капки при издишувањето.
Повеќе:
Потценетa опасностa од корона-аеросолите
Кавга околу носењето маски во Германија
СЗО ја промени својата позиција за заштитните маски
И германскиот Сојузен завод за работна заштита и трудова медицина одвратува од користење визири, поради нивната неадекватност во заштитата од аеросоли кои содржат евентуално инфективни честички. Тие можат непречено да стигнат во воздухот преку празнината меѓу лицето и визирот.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Ракавици, мобилен телефон, заштитна маска
Дали и во Германија ќе се воведе обврска за носење заштитна маска? По консеквентната употреба во Азија, институтот Роберт Кох препорача нејзино носење и во Германија. Јена е првиот град кој ја водведе оваа мерка, од 6 април во супермаркетите и јавниот сообраќај таму таа е задолжителна. Како заштита се прифаќа и шал или марамче на устата.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Подарок за пожарникарите
Со оглед на големиот недостиг на заштитни маски, луѓето и институциите се снаоѓаат и сами. На Јутјуб и на Твитер под хаштагот „maskeauf“ многумина демонстрираат колку е едноставно да се изработи маска. Меѓу нив е и професионалната шивачка од Државниот театар Котбус, Керстин Бохов. Маските кои ги изработува оваа костимографка се наменети за пожарникарската служба и за Црвениот крст во Германија.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Плетени маски
Уметничката Манша Фридрих плете маски за заштита од коронавирус. Нејзините маски се украсени со мотиви на насмеани лица, животни, сонце. Внатрешната страна на маските може да се менува. Уметничката од Хановер не дозволува корона-кризата да ѝ го расипе расположението.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Во тон
Чешка и Словачка се отидени чекор понапред, таму уште на средината на март е воведена обврска за носење заштитни маски. Оној кој влегува во супермаркет или градски превоз, мора да носи маска. Словачката претседателка Зузана Чапутова и премиерот Игор Матович предничат со добар пример. И Австрија во меѓувреме воведе обврска за носење маски во супермаркет.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Будење на пролетта во Кина
Во Кина заштитните маски одамна се задолжителни за граѓаните. Оваа двојка, без оглед на кризата со коронавирус и ригидните контроли, не сака да се откаже од романтика. Двајцата занесено танцуваат на пролетното сонце и сигурно забораваат на сите останати околу себе.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Израел не дозволува исклучоци
И во Израел во сила се драстични ограничувања на движењето, кои ги воведе премиерот Бенјамин Нетанјаху, а се контролирани од полицијата и од војската. Кон нив мора да се придржуваат и ортодоксните Евреи. Во квартот Меа Шерим во Ерусалим, еден вооружен полицаец му наложува на својот ултраортодоксен сограѓанин да се прибере дома.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Уметност во Појасот Газа
Во густо населениот Појас Газа, уметниците се обидуваат да ги мотивираат граѓаните. Во квартот Шујаија, тие украсуваат заштитни маски со различни мотиви. Владата во Појасот Газа воведе ограничување за движењето на населението и забрана за одржување на сите манифестации. И т.н. „Марш на враќањето“, кој секоја година преку масовни протести се одржува на границата кон Израел, годинава е откажан.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Колумбиски „силници“
Во Колумбија на маските доминираат драстични и впечатливи мотиви. Вилиците на маските на двајцата полицајци се чини се инспирирани од колосот Хулк. Хулк е главната фигура во стрипот на Стен Ли и Џек Кирби, објавен во 1962 година. Приказната за неверојатниот Хулк е адаптирана во бројни филмови и серии.
-
Од Азија кон Европа: Походот на заштитните маски против коронавирус
Макрон ќе се справува со недостигот од маски
Францускиот претседател посети фабрика за производство на заштитна облека и маски во Сент-Бартоломи д‘Анжу. Стотици лекари ја критикуваат владата што не набави доволни количини заштитна облека во време на епидемијата на коронавирус, но многумина од нив сепак работат, дури и без заштита. Емануел Макрон планира потребата од заштитна опрема да ја покрие со домашно производство до крајот на годинава.
Автор: Астрид Пранге, Сердар Фардар
Заштита на другите ии самозаштита?
Во дебатата е нужна дистинкција меѓу заштита на останатите и сопствена заштита, истакнува вирологот Јоханес Кноблох, раководител на Одделението за болничка хигиена на Универзитетската клиника Хамбург-Епендорф. При самозаштитата, користењето визир има логика: „Визирот е идеален во сопственото штитење од класична капковна инфекција", вели тој. Визирот служи како штит од ситните капки од плунката на лица од околината и ја заштитува и слузокожата на очите. Затоа во професионалната бранша заштитната маска постојано се надополнува со заштитни очила или визир. Но, кога станува збор за заштита на другите од инфекција, визирот не ѝ е „дораснат" на заштитната маска, истакнува Кноблох. Заштитната маска многу подобро може да ги спречи т.н. аеросоли, ситните честички исфрлени при издишувањето, кои делумно со часови лебдат во воздухот и притоа можат да предизвикаат инфекција, заклучува експертот.
-
Како уметниците работат со корона-маските
Графити-маски
Меѓународната стритарт-сцена одамна ги откри белите заштитни маски како декоративен елемент. На фотографијата 16-годишниот стритарт-уметник С.Ф. со спреј работи на слика од голем формат на една тераса на покрив во Атина. Вакви мотиви се појавуваат во многу градови во Европа.
-
Како уметниците работат со корона-маските
Моден детал
И дизајнерите во меѓувреме посветено работат со новиот моден детал. Не сите нивни креации се во согласност со стандардите на СЗО. На неделата на модата во Њујорк, во февруари 2020 година, значи уште пред избивањето на епидемијата на корона во цел свет, оваа манекенка презентираше декоративна маска од нежен штоф, која во никој случај не претставува заштита од зараза.
-
Како уметниците работат со корона-маските
Маски на модна писта
Дали овој модел од една американска модна куќа е соодветен за секојдневието? Во секој случај, додека се носеше на неделата на модата во Њујорк, таа делуваше повеќе како накит. Но, носење маска од штоф е се’ уште подобро од неносење никаква маска. Луѓето кои сакаат мода сега се обидуваат здодевните бели маски да ги направат индивидуални и декоративни.
-
Како уметниците работат со корона-маските
Дизајнерски маски
Некои дизајнери ги открија маските како нов бизнис-модел за браншата која е падната на колена поради пандемијата. Млади, непознати, но и реномирани дизајнери во моментов создаваат и шијат маски полни со фантазија. Заштитните маски веројатно во музеј ќе завршат како Корона-мода од годината 2020-та.
-
Како уметниците работат со корона-маските
Да одговара на вратоврската
Мажите кои сакаат да се облечени стилски и далеку од актуелните модни трендови, и во корона-време настојуваат да прикажат едноставна елеганција. Една берлинска мануфактура за вратоврски нуди и маски кои одговараат на „пеперутката“. Некои од моделите се веќе распродадени.
-
Како уметниците работат со корона-маските
Традиционални маски
Секоја германска покраина имаше различни правила за носење маски, а од 27 април маските се задолжителни во цела земја. Локални здруженија, кои ја имаат традицијата во фокус, ги користат маските и за регионална порака: „Домот е таму, каде што сум јас.“ Бо Баварија, се разбира, маските се карирани и во сино-бела боја - со мотив од кралот Лудвиг за мажите и на принцезата Сиси за дамите.
-
Како уметниците работат со корона-маските
Еколошки маски
Кој смета дека модните детали се непотребна потрошувачка, може да посегне и по природни материјали. И, да направи маска сам. Важно е само да се покриени устата и носот. Еве како оваа девојка од Појасот Газа ја направила својата маска.
-
Како уметниците работат со корона-маските
Уметност во доба на корона
Маските се одамна пристни и во делата на сликарите и скулпторите. Ги има насекаде - на слики, постери, скулптури... Полскиот скулптор Игор Миторај и’ стави заштитна маска на својата голема скулптура поставена на плоштад во Краков.
Автор: Хајке Мунд