Колку пластичниот отпад е опасен за луѓето? | Панорама | DW | 10.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Колку пластичниот отпад е опасен за луѓето?

Според податоците на ВВФ, со помош на ветер, дожд, но и преку канализација, пат до Средоземното, и до другите европски мориња, годишно наоѓаат до 500.000 тони макропластика и до 130.000 тони микропластика

Кеси, шишиња, сламки - пластиката е насекаде околу нас, особено во морињата. Кој е главниот виновник и како да се промени тоа? Кога последен пат сте купиле кафе за носење или вода во пластично шише? Веројатно не така одамна.

Пластичната амбалажа толку многу се одомаќини што многумина веќе и не забележуваат колку често ја користат и по една употреба ја фрлаат.  Статистиките покажуваат дека само во Европа во отпад годишно завршуваат неколку милиони тони амбалажа за еднократна употреба. Притоа, општо познато е дека пластиката не се разложува, туку само се распаѓа на ситни делови, таканаречена, микропластика.

Темата беше обработена и во последното издание на Веб-магазинот #EUROPEO:

 

Гледај видео 02:18

Колку пластичниот отпад е опасен за луѓето?

Според податоците на Светската организација за природа - ВВФ, со помош на ветер, дожд, но и преку канализација, пат до Средоземното, и до другите европски мориња, годишно наоѓаат до 500.000 тони макропластика и до 130.000 тони микропластика.

Повеќе

Со фатални последици, и тоа не само за животните, туку и за луѓето. Имено, преку рибите и морските плодови микропластиката од морињата на крајот завршува - во нашиот стомак. Конзументите на јастог, и на други видови ракови од Средоземното море, според проценките на ВВФ годишно внесуваат и до 11.000 парченца микропластика. Без оглед на тоа што нејзиниото влијание на човековиот организам не е доволно истражено, научниците предупрадуваат дека хемикалиите од микропластиката можат да предизвикаат сериозни болести.

Пластичниот отпад е опасен, но што конкретно се презема против него? Од 2021 година Европска унија од продажба ги повлекува сламките, пластичните чинии и прибори за јадење како и други пластични производи за еднократна употреба за кои веќе сега постои алтернатива. Освен тоа, до 2030 година целиот пластичен отпад би требало да се рециклира. А дотогаш најдобро е да не се чека, туку веќе веднаш да се почне со избегнување на пластичната амбалажа. Што, верувајте, воопшто не е тешко. Бидејќи кафето од порцеланска шолја ионака е многу повкусно од она за носење.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама