Кои се луѓето на бегалската рута низ БиХ? | Панорама | DW | 10.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Кои се луѓето на бегалската рута низ БиХ?

Во БиХ, на новата Балканска рута, по која мигрантите и бегалците се обидуваат да стигнат до некоја од земјите на ЕУ, сретнавме дел од нив и ги прашавме од каде се и каде тргнале, за што сонуваат.  

Гледај видео 02:05

Кои се луѓето на бегалската рута низ БиХ?

Европската комисија денеска донесе одлука да ѝ се доделат 6 милиони евра поддршка на Босна и Херцеговина во управување со бегалската криза, како што соопшти Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.

Средствата од ЕУ ќе ги унапредат капацитетите на Босна и Херцеговина за идентификација, регистрација, спроведување на државјаните што ја поминале границата, осигурување сместување и основни услуги за бегалците, азилантите и мигрантите, контрола и надзор на границата.

Низ БиХ поминува новата Балканска рута, по која мигрантите и бегалците, бегајќи од војна или тешка економска ситуација, се обидуваат да стигнат до некоја од земјите на ЕУ. Таму сретнавме дел од нив и ги прашавме од каде се и каде тргнале, за што сонуваат.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама