Кога тестото за пица се користи како „сликарско платно“ | Панорама | DW | 06.04.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Кога тестото за пица се користи како „сликарско платно“

Во шкотскиот град Глазгов, поточно во тамошниот италијански ресторан „Бела Наполи“, се прават портрети на познати личности со употреба на кашкавал и кечап. Пица-мајсторот „црта“ портрети на тесто, наместо на платно.

default

Пицериите насекаде во светот изгледаат некако исто. Во тој поглед ни пицеријата „Бела Наполи“ во Глазгов не е никаков исклучок. Има сладолед и капучино - италијанска класика. Во тоа секако спаѓа и пицата.

Пица-мајсторот Доменико Крола е син на италијански доселеник. Пред повеќе од петнаесет години тој го отвори својот прв сопствен ресторан. Од 2005 година со успех го води и „Бела Наполи“. Доменико не само што ја усоврши умешноста на правење пици, туку од тоа прави и уметност. Кашкавалот толку вешто го реди врз пицата, што по печењето можат да се препознаат одредени лица, како овде на британска кралица.

„Во училиште се занимавав со уметност, но кога го напуштив, заборавив на неа. Еден ден, додека работев во кујната, случајно направив нешто со кашкавалот врз пицата, а луѓето рекоа ’Вие мора да сте уметник‘, така што можеби и сум уметник, но не знам“, вели пица-мајсторот Крола.

Гледај видео 02:02

Погледнете ги мајсториите на тесто

Доменико Крола ги фотографира пица-портретите на кралицата Елизабета, на пејачот Роби Вилијамс, актерката Мерилин Монро, креаторот Том Форд и редица други познати личности и ги објавува на Твитер или Фејсбук. Посебно убавите фотографии се закачени на ѕидовите во ресторанот. Пица-портретите главно остануваат неизедени, со по некој исклучок.

„Не му одолеав на искушението кај пицата со стриптизетата Дита фон Тиз и со некои од готвачите ја распарчивме и ги изгрицкавме парчињата. Беше вкусна“, објаснува пица-мајсторот.

Патем, „оригинал Крола-пица“ чини речиси триста евра. Вистинската уметност има своја цена, нели?!