Ковид-19: Ситуацијата во САД „навистина не е добра“ | Свет | DW | 07.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ковид-19: Ситуацијата во САД „навистина не е добра“

Водечкиот епидемиолог во САД изрази загриженост поради брзиот раст на нови случаи на Ковид-19 во јужниот и западниот дел на земјата. Актуелната состојба „навистина не е добро“ и изискува „итно“ дејство, рече Ентони Фаучи

Лекарот Ентони Фаучи, водечкиот американски стручњак за заразни билести, предупреди  дека САД се наоѓаат во „сериозна ситуација“ во дел и поради тоа што пребрзо се укинати рестриктивните мерките воведени во борба против Ковид-19. 

 Фаучи: Пред два дена имаше 57.500 новозаразени 

„Имавме околу 20.000 нови случаи дневно“, рече синоќа Фаучи и додаде дека укинувањето на мерките во дел довело до нови рекорди во бројката на новозаразени.

„Пред два дена имаше 57.500 новозаразени“, рече и заклучи оти тоа значи дека во периодот од една недела и по бројот новозаразени бројката е удвоена.„Ние сме уште длабоко во првиот бран“, вели Фаучи.

Тој појасни дека и самиот термин „бран“ е лажлив бидејќи бројот на случаи никогаш не е намален значително, туку пораснал на нови и загрижувачки нивоа.

Повеќе:

-САД: Нов корона-рекорд спроти Денот на независноста

-САД пред голем проблем – случаите на Ковид-19 достигнаа нов рекорд

-Фаучи загрижен - ЕУ не ги отвора границите за државјани од САД?

Фаучи вели дека на подрачјата како ЕУ бројката на заразени растеше па се намали што е можно дека го означи крајот на првиот бран.
„Кај нас бројката на заразени растеше, но никогаш не опадна, и сега повторно расте. Тоа е една сериозна ситуација со која мораме веднаш да се позанимаваме“.

Американскиот Центар за контрола на зарази (ЦДЦ) вчера соопшти дека бројот на нови инфекции од коронавирусот се зголемил за 44.361 на вкупно 2.886 милиони,  Освен тоа, регистрирани се 235 дополнителни смртни случаи и со тоа се нивната вкупна бројка изнесува 129.811.

Градоначалничката на Атланта позитивна на вирусот

Во меѓувреме градоначалничката на Атланта Киша Ленс Ботомс објави дека е заразена со коронавирусот, но засега не покажува симптоми на респтораторната болест. „Сѐ уште ја процесирам оваа информација, шокирана сум“, напиша Ботомс на Твитер. 

Освен блага главоболка и кашлица, која ги препишувала на сезонските алергии, нема други симптоми. Ботомс вели дека таа и нејзиното семејство секогаш носеле маски во јавност, внимавале на  физичката дистанца и ги миеле рацете.

Во наредните две недели своите должности ќе ги извршува од домашна изолација. 
Џорџија со 97.000 заразени е меѓу десетте најпогодени американски сојузни држави со коронавирусот, а најголемо жариште е токму Атланта.

 

 



 

Реклама