КОВИД-19: Симптоми и тек на болеста | Свет | DW | 08.01.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

КОВИД-19: Симптоми и тек на болеста

Првично, се сметаше дека коронавирусот не е поопасен од сезонскиот грип. Сепак, сега, лекарите знаат подобро. Ова се симптомите и текот на болеста.

Офталмологот Ли Венлијанг, кој работеше во Централната болница во Вухан, прв сподели информации за сомнителни инфекции на белите дробови од типот САРС во Вухан на 30 декември 2019 година.

Очниот лекар ја дистрибуираше веста на социјалната мрежа ВиЧет (WeChat) на колегите во различни болници во градот. Полицијата тогаш го опомена за „давање лажни коментари на интернет“, но подоцна официјалната истрага го ослободи од обвинението.

Ли Венлианг почина од Ковид-19 на 2 февруари.

Потврден е нов коронавирус

На почетокот на втората недела од јануари 2020 година, кинеските власти го објавија првото јавно соопштение дека во градот Вухан беснее нов вид на вирус.

Сега, на крајот на декември, има повеќе од 1,5 милиони инфекции во Германија и околу 80 милиони во светот.

Нудиме преглед на она што досега е откриено за вирусот и колку напредуваше медицината во борбата против вирусот САРС-КоВ-2.

Потекло на вирусот

Кога беше објавено постоењето на вирусот, првата инфекција на човекот од рбетно животно очигледно веќе се случила неколку недели порано.

Првично, се чинеше дека кинеските власти се обидуваат да ги потиснат сите докази. До денес, не е точно јасно кога и каде вирусот се префрлил од животински на човечки домаќин. Пренесувањето на вирусот од лилјак на меѓу-домаќин, можеби животното тануки, познато и како азиско ракун куче - а потоа и на луѓето, се смета за веројатно потекло на пандемијата која и денес е во полн ек.

Повеќе:

-СЗО: Тешка потрага по потеклото на коронавирусот во Кина

-Коронавирусот и во Европа бил раширен уште во септември 2019

-Истрага за потеклото на коронавирусот: Експерти на СЗО во Кина

Постојат докази кои сугерираат дека вирусот веќе се проширил ширум светот кон крајот на летото 2019. Оттогаш траги од вирусот се пронајдени во примероци земени во Италија во септември истата година, што е во согласност со анализата на геномот на САРС-КоВ на британските истражувачи.

Декодирање на вирусот

Кинеските виролози за рекордно време ги дешифрираа генетските информации на вирусот. На 21 јануари тие ја објавија структурата на геномот и три дена подоцна објавија детален опис на вирусот. Ова им овозможи на лекарите и микробиолозите ширум светот да започнат да развиваат лекови и вакцини.

Типична карактеристика на вирусот се шилестите протеини (AЦЕ-2) лоцирани на неговата површина. Овие се клучни за врзување за клетката домаќин. Затоа, голем дел од развојот на лекови и вакцини е фокусиран на врзување или на блокирање на овој протеин, или тој да биде направен неефикасен на некој друг начин.

Преносливост

Во меѓувреме, студија спроведена од виролози во градот Хајнсберг, едно од првите жаришта на болеста во Германија, утврди дека вирусот е особено распространет во грлото и белите дробови на инфицираните луѓе. Најголемата опасност од инфекција - покрај директен контакт со заразено лице или допирање на контаминирана површина - е преку вдишување на аеросолите. Вирусот може да се шири особено добро преку системите за климатизација, како оние што се користат во месната индустрија.

Затворените простории со многу луѓе во нив се многу опасни. Затоа, мерките како локдаунот, затворањето на забавните установи и откажувањето на саемите и големите настани беа многу ефикасни во спречувањето на болеста.

Најголемите синџири на инфекција може да се пронајдат во таканаречените суперспредер-настани.

Користењето на заштитни маски сега е воспоставено во речиси сите земји во светот. Сепак, многу медицински професионалци првично се прашуваа дали повеќето луѓе се способни да користат маски во секојдневниот живот на начин на кој помагаат да се спречи потенцијалното пренесување на вирусот.

Она што е најважно е луѓето темелно да ги мијат рацете, да се држат растојание од другите и темелно да ги проветруваат просториите.

Симптоми и ризични групи

Првично, се сметаше дека новиот вирус не е поопасен од сезонскиот грип. Сепак, сега, лекарите знаат подобро: вирусот претставува закана слична на онаа на разорниот шпански грип од 1918 година. Иако многу луѓе можат да добијат инфекција со САРС-КоВ-2 без симптоми, други се разболуваат од Ковид-19, болеста предизвикани од вирусот.

Гледај видео 01:14

Кина: Со сите сили и методи против корона-вирусот

Некои групи луѓе се почесто погодени од Ковид-19 од другите: луѓето со претходни болести, постарите лица, луѓето со крвна група А и мажите се изложени на поголем ризик.

Патолозите кои ги испитувале жртвите на Ковид-19 успеaја да потврдат дека високиот крвен притисок, дијабетесoт, ракот, откажувањето на бубрезите, цирозата на црниот дроб, астмата и кардиоваскуларните заболувања се меѓу најопасните претходнi болести.  Во принцип,меѓутоа, тежок случај на болеста може да се равие кај секого, вклучително и кај млади луѓе.

Тек на болеста

Лесните форми на Ковид-19 можат да се манифестираат како настинка. Типични симптоми се воспаление на грлото, проблеми со дишењето и губење на чувството за мирис и за вкус.

Во тешки случаи, меѓутоа, може да се појави мултиорганско заболување, опасно по живот.

Ова често доведува до сепса - честа фатална пресилна реакција на имунолошкиот систем што ги напаѓа сопственото ткиво и органите на заразеното лице.

Тежината на болеста зависи, во голема мерка, од тоа колку силно  имунолошкиот систем на една личност реагира на патогенот.

Третман

На почетокот на пандемијата, многу пациенти со тежок облик на болеста добиваа вештачко дишење (интубација) во раната фаза и сепак починуваа.

Меѓутоа, сега, лекарите кои работат на одделите за интензивна нега полека се откажуваат од стандардната вентилација, бидејќи специјалистите за бели дробови истакнаа дека вештачкото дишење под позитивен притисок може да направи повеќе штета отколку полза на белите дробови.

Сè додека пациентите можат да дишат сами, тие сега добиваат кислород без да бидат поврзани на респиратор. Интубацијата се користи како опција само во итни случаи.

Во многу случаи, кога бубрезите се сериозно оштетени од Ковид-19, неопходна е и дијализа. Одделите за интензивна нега сега земаат предвид и други оштетени органи.

Процесот на заздравување може да се забрза во специјализирани клиники со вбризгување на антитела од крвта на излекувани пациенти со Ковид-19. Овие антитела ја преземаат борбата против вирусот во телото на пациентот кој ја прима донираната крв.

По правило, пациентите со Ковид-19 мора да поминат и долги, индивидуално прилагодени мерки на рехабилитација по нивниот медицински третман. Мерките за рехабилитација мора да ги имаат предвид и специфичните претходни болести и можно оштетување на органите кај пациентите.

Уште нема ефикасни лекови

Ремдесивир е единствениот фармацевтски лек за кој е докажано дека го скратува текот на болеста. Ова е причината зошто беше жестоко оспоруван на пазарот.

Но, тој не е чудо од лек. Ремдесивирот го скратува процесот на заздравување за неколку дена кај пациенти кои примаат кислород, но не ги подобрува нивните шанси за преживување. Во меѓувреме, Светската здравствена организација советуваше против ремдесивир за хоспитализирани пациенти со Ковид-19.

Лекарите, исто така, се обидуваат да користат други лекови кои веќе се на пазарот за борба против коронавирусот. Тука спаѓаат антиинфламаторниот Дексаметазон, инхибиторот на РНК-полимеразата Авиган и лекот за маларија хидроксихлорокин. Ефикасноста и безбедноста на првите два лека сè уште не е убедливо докажана, додека хидроксихлорокинот се покажа како неефикасен, па дури може да биде и опасен.

До каде е развојот на вакцините?

Првите употребливи вакцини се појавија на пазарот во САД и во ЕУ во декември. Повеќе се очекува да добијат дозвола во 2021 година.

Масовното производство на вакцините и започнувањето на ефикасни кампањи за вакцинација се главниот предизвик за фармацевтската индустрија и за здравствените власти. Овде имаат предност генертски базираните РНК вакцини, кои можат да се произведат релативно брзо.

Сепак, експертите очекуваат дека кампањите за вакцинација најверојатно нема да завршат пред 2022 година.

Повеќе во изработка

Најмалку 214 проекти за вакцина против коронавирусот се започнати ширум светот (заклучно со 23 декември 2020 година), велат податоците на Светската здравствена организација, додека пак 227 се според податоците на германските истражувачки фармацевтски компании. Тие во суштина се поделени на три вида вакцини: вакцини со ослабен вирус, вакцини со деактивиран вирус и генетски базирани РНК вакцини .

Во последниот случај, лекарите влегуваат на неистражена територија, бидејќи такви вакцини досега немале на располагање во минатото. Вакцините на Бионтек/Фајзер и на Модерна се такви РНК вакцини. Првата има добиено дозвола и во ЕУ и во САД, втората во САД и очекува одобрување во ЕУ на почетокот на јануари.

Повеќе:

-Надеж и скепса на почетокот на вакцинирањето во Германија

-Оправдано прашање: Дали да се вакцинирам?

-Лична приказна: Моето искуство со Спутник 5, руската вакцина против Ковид-19

Во ноември, фармацевтската компанија АстраЗенека исто така објави дека нејзината вакцина-кандидат е доволно напредната во студиите во третата фаза за да аплицира за дозвола за итна употреба. Властите во Велика Британија, кои беа први кои издадоа таква дозвола за вакцината на Бионтек/Фајзер, денеска (30.12.2020) го сторија тоа и за вакцината на АстраЗенека.

Покрај тоа, постои вакцина против туберкулоза која е веќе одобрена.Таа не е директно насочена кон САРС-КоВ-2, но го зајакнува основниот вроден имунитет. Истражувачите од Институтот за инфективна биологија Макс Планк во Берлин во моментов се обидуваат генетски да ја подобрат оваа вакцина.

Кога ќе настане колективен имунитет?

Вистина е дека се' повеќе луѓе се заразуваат ширум светот. До крајот на декември повеќе од 80 милиони луѓе ќе се заразат со вирусот. Сепак, со популација од 7,8 милијарди жители, светот е сè уште далеку од постигнување на каков било ефекасен степен на имунитет на болеста.

Покрај тоа, не е јасно дали закрепнатите пациенти остануваат трајно имуни на вирусот. Серолошки тест на крвта може да утврди дали некој носи антитела против вирусот. Со тест за полимеразна синџирна реакција (ПЦР)  може пак да се утврди дали некој е акутно болен и заразен.

Реклама