Ковид-19: „Патнички меур“ меѓу Австралија и Нов Зеланд | Свет | DW | 06.04.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ковид-19: „Патнички меур“ меѓу Австралија и Нов Зеланд

Успешното справување со коронавирусот во Нов Зеланд и во Австралија овозможи олеснување на патувањата меѓу двете земји. Од 19. април тие воведуваат таканаречен „патнички меур“.

Нов Зеланд денеска соопшти дека од 19 април ќе бидат можни патувања во Австралија без карантин.

Укинувањето на ограничувањето за патниците е отворање на т.н. патнички меур меѓу двете соседни земји, кое претставува олеснување за семејствата кои долго беа разделени поради пандемијата со коронавирусот како и за туристичкиот сектор.

Двете земји успешно го запреа ширењето на вирусот. Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Арден, изјави дека здравствените власти веруваат дека ризикот од пренесување на вирусот од Австралија е низок и оти патувањата сега се безбедни.

Повеќе:

-„Пандемската“ Нова година почна – Нов Зеланд ја дочекува без рестрикции

-По три недели, вирусот се врати во Нов Зеланд

-Мерки без преседан во Австралија поради Ковид-19

„Патничкиот меур ќе ја обнови нашата економија и ќе претставува за светот аранжман за безбедно отворање на меѓународните аеродроми, додека се спроведува стратегијата за елиминирање на вирусот“, рече Арден.

Австралија претходно им дозволи на граѓаните на Нов Зеланд да доаѓаат во земјата без карантин, но Нов Зеланд имаше повнимателен пристап и од патниците од Австралија бараше да поминат во карантин две недели по доаѓањето.

Австралија од почетокот на пандемијата регистрираше околу 29.400 инфекции и 909 смртни случаи на население од околу 25 милиони , додека во Нов Зеланд се регистрирани околу 2.100 потврдени случаи на зараза и 26 починати на околу 5 милиони жители.

 

Поврзана содржина