Ковид-19: Над 15 милиони инфицирани во светот, преку 1000 починати во САД | Свет | DW | 22.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ковид-19: Над 15 милиони инфицирани во светот, преку 1000 починати во САД

Пандемијата на коронавирусот не покажува знаци на забавување. Напротив бројот на новозаразени на глобално ниво забрзано расте, посебно во Северна и во Јужна Америка, каде се регистрирани повеќе од половина од случаите.

Бројот на инфицирани од коронавирусот во светот се искачи на повеќе од 15 милиони,  објави новинската агенција Ројтерс. Според нејзините последни пресметки. на глобално ниво се регистрирани вкупно 15.009.223 случаи.  Листата на најпогодени земји ја предводат САД, каде според Ројтерс во изминатите 24 часа се забележани над 64 илјади новоинфицирани и вкупниот број на досега регистрирани случаи на Ковид-19 изнесува 3,91 милион. 

Во САД вчера пак се забележани над 1.000 починати поврзани со коронавирусот во еден ден, првпат од почетокот на јуни. Според податоците на Ројтерс, откако со недели паѓаше бројката на починати, во минатата недела, заклучно со 19 јули, регистрирани се над 5.200 смртни случаи поврзани со Ковид-19. Ова е втора недела по ред во која се зголемува бројката на починати.

Околу 142.000 луѓе заразени со коронавирусот починаа во САД, а стручњаците предупредуваат дека веројтно оваа бројка ќе се зголемува со оглед на новите рекордни бројки на новозаразени и зголемениот број хоспитализирани лица во бројни држави. 

Трамп: Состојбата со пандемијата ќе се влоши пред да се подобри

Нагојлем број смртни случаи во САД е регистриран во април, кога во земјата умираа во просек 2.000 лица дневно. Бројката на починати полека опаѓаше па во мај таа дневно изнесуваше околу 1.300, а во јуни под 800 дневно, според податоците на Ројтерс.

Повеќе: 

-Забрзува трката по вакцина против коронавирус

-Трамп го менува ставот за маските?

-СЗО: Кризата со коронавирусот ќе станува полоша и полоша

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека пандемијата на коронавирусот „ќе се влоши пред да се подобри состојбата“ укажувајќи истовремено на „загрижувачкиот“ раст на новозаразени случаи во јужните и во западните сојузни држави.„Веројатно за жал состојбата ќе се влоши пред да се подобри“, изјави Трамп и додаде дека тоа „е нешто што нерадо го кажува“.

Трипати повеќе случаи од сезонскиот грип

На листата на петте земји со најмногу случаи на Ковид-19 натаму следуваат Бразил, Индија, Русија и Јужноафриканската република. Податоците на Ројтерс покажуваат дека болеста се најзабрзано со шири во Јужна и во Северна Америка, каде се регистрирани повеќе од половина од вкупниот број инфекции и половина од вкупниот број на починати од болеста во светот.

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), досега забележените 15 милиони случаи на Ковид-19 се најмалку трипати повеќе од годишно регистрираните тешки заболувања на грип. Бројот на починати од Ковид-19, кој за седум месеци од појавувањето на коронавирусот, се искачи на 616.000, е пак во горните нивоа на годишно регистрираните смртни случаи од сезонскиот грип.

 

 

Реклама