Ковид-19: Во Русија и во Унгарија ќе се игра фудбал пред публика | Панорама | DW | 29.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Ковид-19: Во Русија и во Унгарија ќе се игра фудбал пред публика

И покрај релативно напрегнатата ситуација со пандемијата на коронавирусот, руската Премиер лига ќе продолжи и тоа пред публика. Бројот на гледачи на стадионите, меѓутоа ќе биде драстично намален.

Во Русија навивачите ќе можат да присуствуваат на фудбалските натпревари кога наредниот месец ќе започне руската фудбалска лига, беше соопштено денеска. Според планот кој го направи Рускиот фудбалски сојуз, а кој го одобри државната регулаторна агенција, на навивачите ќе им биде дозволено да бидат на стадионите, но пополнетоста на трибините не треба да надмине 10 отсто од нивниот капацитет. Руското фудбалско првенство треба да продолжи на 21 јуни.

Првата унгарска фудбалска лига, пак ќе продолжи овој викенд. И на тамошните стадиони ќе може да има гледачи, но националниот фудбалски сојуз предвидува да биде зафатено само секое четврто столче во редот, и секој втор ред на трибините да биде целосно празен. 

Инаку спроти најавеното продолжување на лигата фудбалскиот клуб Локомотива од Москва вчера соопшти дека четворица играчи од тимот се позитивни на коронавирусот. Заразени со вирусот се Димитриј Баринов, Антон Коченков, Тимур Сулејманов и Роман Тугарев. Никој од нив, како што наведе клубот, нема симптоми и се наоѓаат во домашна самоизолација.Како што се додава, остатокот од клубот во четвртокот отпатувал на подготовки надвор од Москва. Фудбалскиот клуб Зенит е прв на табелата на рускиот шампионат со 9 бода повеќе од второпласираната Локомотива од Москва.

Повеќе:

-Фотографија на денот: Почна Бундеслигата - дресови наместо гледачи

-Спроти стартот на Бундеслигата- профитот поважен од здравјето?

-Коронавирус: Во Германија ќе се игра и фудбал

Инаку Унгарија е само благо погодена од корона-кризата во споредба со другите европски земји. Во земјата досега се регистрирани околу 4000 инфицирани и нешто повеќе од 500 починати. 

Гледај видео 01:39

„Бум“ на виртуелниот спорт во пандемијата

Во Русија од друга страна само во изминатите 24 часа починаа 232 лица, што е најголем број починати на дневно ниво од почетокот на пандемијата. Според денешните податоци објавени од кризниот штаб, вчера починале 174 лица. Најмногу луѓе починале во Москва- 76 и во Република Дагестан- 50. Во последните 24 часа се регистрирани 8.572 новозаболени, од кои најмногу во Москва- 2.332. Под медицински надзор се над 305.000 лица. Русија со околу 380.000 инфекции се наоѓа на третото место според бројот на заразени со коронавирусот во светот, по САД и Бразил. Минатата недела претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека ситуацијата со епидемијата се „стабилизира“.

Реклама