Ковид-19: Велика Британија го презема мрачниот примат во Европа | Свет | DW | 05.05.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ковид-19: Велика Британија го презема мрачниот примат во Европа

Во Велика Британија како последица од Ковид-19 починаа над 32.000 луѓе, со што земјата ја престигна Италија на списокот на најпогодени европски земји од епидемијата на коронавирусот, покажуваат денешните податоци.

Со новите 7.000 смртни случаи минатата недела во Англија, Велс, Шкотска и во Северна Ирска, вкупниот број починати од епидемијата во Велика Британија сега изнесува 32.313. Тоа е повеќе отколку во Италија, која досега беше најпогодена земја во Европа. Заклучно со понеделникот во Италија од последиците на Ковид-19 починале 29.079 луѓе.

Што се однесува на Велика Британија пак треба да се напомене дека смртните случаи од изминатите неколку дена не се вклучени во статистиката. Исто така се стравува дека е висок и бројот на нерегистрирани смртни случаи од новиот коронавирус. 

Овие податоци би можеле да го зголемат притисокот врз премиерот Борис Џонсон, кој подолго чекаше да воведе рестриктивни мерки за разлика од останатите земји во Европа откако се појавија првите случаи на заразени.

Повеќе:

-Џонсон: Џени од Нов Зеланд и Луис од Португалија ми го спасија животот

-Британскиот премиер Џонсон во болница

-Борис Џонсон заразен од коронавирусот

Опозициските партии ја критикуваа одлуката на Џонсон да одложи воведување на карантин дури и во време кога болниците во Италија веќе беа на крај со капацитетите.

Опозицијата, исто така, тврди дека владата била пребавна во воведување на масовни тестирања и осигурување оти има доволно опрема за здравствениот систем. Главниот научен советник на британската влада, Патрик Валанс, призна денеска дека во Велика Британија требало да бидат тестирани повеќе луѓе на почетокот на пандемијата.

Валанс пред парламентариот одбор за здравство изјави дека „зголеменото тестирање би било корисно и поради повеќе ситуации кои досега не се случиле“. Критичарите, исто така, велат оти британската конзервативна Влада реагирала пребавно кога пандемијата почна да се шири и дека не успеала тоа да го спречи со зголемени тестирања на луѓето кои имале симптоми и барање и изолирање на контактите.Стручњаците проценуваат дека вистинскиот број на мртви во епидемијата во Велика Британија би можел да биде и поголем.

 

Реклама