Ковид-рестрикции: Бојно поле Ротердам | Свет | DW | 20.11.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ковид-рестрикции: Бојно поле Ротердам

Стотици луѓе протестираа во холандскиот град против дополнителното заострување на мерките против ширењето на коронавирусот. По тешките безредија полицијата испука истрели на предупредување.

Насилните демонстранти во Ротердам запалија и повеќе електронски тротинети во градот

Насилните демонстранти во Ротердам запалија и повеќе електронски тротинети во градот

Холандската полиција рани најмалку две лица во безредијата кои избувнаа во Ротердам поради новите епидемиолошки мерки. Демонстрантите најнапред фрлаа на полицијата со камења и со пиротехника, а запалија и полициски возила, по што полицајците испукаа предупредувачки истрели од огнено оружје. 

Стотици демонстранти се собраа поради воведувањето на ковид-потврдите и забраната за огномет за време на новогодишната ноќ. Холандија во минатата недела поради растот на бројката новозаразени воведе делумен локдаун, кој ќе биде во сила 3 недели.

Вонредна состојба

Седум лица се повредени, а најмалку 20 демонстранти се уапсени во ноќта која градоначалникот на Ротердам ја нарече „оргија на насилство“. „Испукавме истрели за предупредување, а имаше и директни бидејќи ситуацијата беше опасна по живот“, изјави за агенцијата Ројтерс гласноговорничката на полицијата, Патриција Веселс. „Знаеме дека барем две лица се ранети, веројатно како резултат на истрелите за предупредување, но мораме натаму да ја истражиме причината“, додаде таа.

Подоцна беше соопштено дека меѓу повредените има и полициски службеници.

Во градот е прогласена вонредна состојба. Полицијата издаде итна уредба во Ротердам, го запре јавниот превоз и им нареди на луѓето да останат дома. Користени се водени топови, а полицијата на коњи ја растеруваше толпата луѓе.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат изгорени полициски автомобили и демонстранти кои со камења фрлаат на полицијата. Полицијата ги растера демонстрантите со водени топови.

Властите, исто така, ги повикаа минувачите и луѓето кои ги снимаа немирите снимките да ги испратат во полиција поради натамошна истрага.

Стотици луѓе излегоа на улиците на Ротердам за да протестираат против новите рестрикции

Стотици луѓе излегоа на улиците на Ротердам за да протестираат против новите рестрикции

Ковид-потврди само за вакцинираните и за прележаните

Поради новите мерки рестораните и продавниците во Холандија мораат да затворат порано, а забранета е публика на спортските случувања.

Воведени се и ковид-потврди кои можат да ги добијат само вакцинираните или оние кои го прележале вирусот. Тестови не се признаваат.

Вчера владата, втора година по ред, забрани огномет на 31 декември за да спречи дополнително оптоварување на здравството.