Ковид однесе уште 20 животи, нови 515 заразени | Северна Македонија | DW | 09.11.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Ковид однесе уште 20 животи, нови 515 заразени

Владата забрани групирање на отворено на повеќе од четири лица и во текот на денот. Во справувањето со Ковид-19 се вклучи и Армијата.

Пациент од Тетово на 36-годишна возраст почина од Ковид -19 во последното деноноќие. Тој е еден од вкупно 20 смртни случаи коишто се регистрирани во земјата во изминатите 24 часа. Како последица на корнавирусот почина и 38-годишно лице од Прилеп, што е уште еден показател дека младите се почесто се изложени на вирусот. Како што информира Министерството за здравство, направени биле 1.293 тестирања, а од нив 515 биле позитивни на вирусот. Бројот на активни случаи се искачи на 14.890.

Забрана

Со цел да се спречи групирањето на младите по парковите, Владата однесе одлука за забрана за групирање на повеќе од четири лица и во текот на денот. Досега ваквата забраната важеше само по 21 часот. Со новата одлука забрана се однесува на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или каде било на отворен простор и ќе трае во текот на целиот ден.

Армијата се вклучи на помош

Исто така одлучено е поранешни армиски службеници, над 45-годишна возраст, да се вклучат како поддршка на Министерството за здравство во делот на одржувањето на редот на здравствените институции. Министерството за одбрана, за потребите на Министерството за здравство во справување со последиците од заразната болест Ковид-19 за определен временски период ќе отстапи одреден број санитетски возила, соопшти Владата.

Припадници на армијата веќе се вклучија во давање помош за справување со последиците од Ковид-19. Тие денеска поставија шатори во дворот на Клиниката за инфективни болести во Куманово. Во исклучителни услови, кога болничкиот капацитет е полн, во овој град се појави потреба за дополнителен простор за амбулантски услуги за пациенти со Ковид-19. Во моментов, пациенти кои се на домашно лекување доаѓаат за дневна терапија и неопходни прегледи во инфективното одделение, поради што се создаваат долги редици.

 

DW.COM

Реклама