1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Ковид: Кинески научници развиваат четириминутен ПЦР тест

Клер Рот
9 февруари 2022

Научниците од Универзитетот Фудан во Кина велат дека развиле технологија со која се комбинира брзината на антиген брзите тестови со точноста на ПЦР тестовите.

https://p.dw.com/p/46jCk
Coronavirus | Covid 19 | Poster für PCR Test in London
Фотографија: Ray Tang/ Xinhua/picture alliance

Кинески научници тврдат дека развиле тест за Ковид-19, чиј резултат е готов за помалку од четири минути и има точност како ПЦР тест.

ПЦР тестовите се најточните кои моментно ги има на пазарот, но мора да бидат обработувани во лабораторија, што досега трае повеќе часови. Доколку лабораториите се преоптоварени со проби поради висок број  заразени,  обработката може да трае и со денови.

Иако се побрзи, 15-минутните антиген  брзи тестови  се помалку сигурни отколку ПЦР алтернативата.

Научниците од Фудан универзитетот собрале проби од 33 ПЦР позитивни  ковид пациенти, 23 ПЦР негативни пациенти, шест позитивни пациенти на инфлуенца, како и 23 здрави доброволци. Според студијата, која уште ја нема поминато независната научна верификација, а е објавена во понеделникот во магазинот Nature Biomedical Engineering, со тестот без грешки биле обработени сите случаи за помалку од четири минути.

Тест за коронавирусот со врескање

ПЦР тестовите се посигурни од антиген тестовите, зашто се посензитивни. Кај антиген тестовите е потребна поголема концентрација на вирусот за да покажат позитивен резултат, што значи дека кај нив постои поголема можност да се погрешно негативни.  Антиген тестовите вршат потрага по протеини инфицирани со вирус, додека ПЦР тестовите бараат вирален генетички материјал, како нуклеински киселини и РНК. 

Тестовите развиени во Универзитетот Фудан користат хиперсензитивен електромеханички биосензор за докажување на нуклеинските киселини, кои претходно поради нивната ниска концентрација во тест пробите биле тешки за идентифицирање.

Научниците сметаат дека развојот на тестови со ваква технолгогија ќе овозможи тие да бидат применувани на аеродроми, во болници, во служби за итна медицинска помош, но и дома. Освен тоа, тие би можеле да бидат користени и за брза дијагноза кај други видови болести.

Во моментов на пазарот се присутни безбројни марки на корона антиген брзи тестови кои се користат и дома, но со различна точност.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Nord-Mazedonien | Kleinstadt Arachinovo
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница