Ковид карантинот во Германија продолжен до 7 март | Информации и анализи за Германија | DW | 10.02.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

Ковид карантинот во Германија продолжен до 7 март

Германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на 16 покраини во земјата вечерва се договорија да го продолжат локдаунот во земјата до 7 март. Мало олеснување на мерките единствено за фризерите.

Германија останува под строги ограничувања поради пандемијата на коронавирусот уште најмалку околу еден месец, одлучија вечерва водечките политичарите во земјата. Според договореното на денешната видео-конференција на канцеларката Меркел со премиерите на покраините, ограничувањата кои требаше да важат до 14 февруари се продолжуваат до 7 март.
Олеснување на мерките може да има само доколку стапката на новозаразени од Ковид за период од една недела падне на 35 случаи на 100.000 жители. Во моментов кога ќе се постигне таа бројка, трговијата, музеите и другите услужни дејности ќе можат повторно да отворат.
Првичните ограничувања во рамките на вториот бран на коронавирусот во Германија беа воведени во ноември минатата година, а потоа беа засилени во декември.
За повторното отворање на градинките и училиштата во наредниот период ќе може да решаваат самите покраини, но од 1 март на повторна средба со муштериите ќе можат да се надеваат фризерите.
И покрај делумниот пад на бројот на новозаразени во последните недели, германските политичари повикуваат на внимателност и инсистираат на дополнително намалување на бројките пред да ја отворат земјата.

Третиот бран на пандемијата, кој веќе започна или се наѕира во повеќе европски земји, според Меркел, веројатно е резултат на новите мутации на вирусот. Мутираниот вирус „е реалност“ и не е прашање дали, туку колку брзо ќе се рашири, предупреди германската канцеларка.
Анкета спроведена непосредно пред новата одлука покажува дека две-третини од анкетираните германски граѓани поддржуваат натамошно задржување на строгите ограничувања на јавниот живот.

DW.COM