Ковид: Австралија ги отвора границите за вакцинирани туристи | Свет | DW | 07.02.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ковид: Австралија ги отвора границите за вакцинирани туристи

Омикрон, туристичката индустрија и натегањата околу тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ ја разнишаа строгата ковид политика во Канбера. Владата најави дека наскоро ќе им посака добредојде на вакцинираните туристи.

Австралија планира на 21 февруари повторно да ги отвори своите граници за влез на патници од странство, под услов да се комплетно вакцинирани. „Ако имате примено две дози вакцина, ќе се радуваме повторно да ви посакаме добредојде во  Австралија“,  изјави премиерот Скот Морисон на прес конференција во Канбера, обраќајќи им се на туристите.

Министерката за внатрешни работи дополни: посетителите, кои можат да докажат медицински оправдана причина за невакцинирање против коронавирус, ќе бидат примени според правилото за исклучок. Меѓутоа, различните австралиски сојузни држави и територии имаат различни правила, на пример во поглед на плафонот за доаѓања на странци, истакна Морисон.

Австралија во март 2020. година ги затвори своите државни граници за странци, па дури и за најголем дел од своите државјани во странство и долго следеше политика на нулта толеранција на коронавирус. Но, под притисок на брзото ширење на исклучително заразната варијанта Омикрон, Морисон мораше да се откаже од ваквата крајно рестриктивна политика.

Австралиската туристичка бранша постојано интервенираше кај владата за повторна дозвола за влез на туристи. Летото на јужната хемисфера се наоѓа во последниот месец. Освен тоа, спорот околу дозволата за влез на невакцинираниот српски тениски ас  Новак Ѓоковиќ  ја заостри дебатата околу строгите правила.

Австралија чекор по чекор ги олабавува правилата за одредени граѓани, за долготраен престој и за студенти. Со најновата најава би биле укинати речиси сите преостанати ограничувања.