Коалиционите партнери во Романија сами си го соборија премиерот | Свет | DW | 21.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Коалиционите партнери во Романија сами си го соборија премиерот

Владејачките партии во Романија му изгласаа недоверба на премиерот Сорин Гриндеану. Премиерот, кој беше на функција само половина година, не сакаше да потклекне под притисоците да се повлече сам од премиерската позиција.

Rumänien - Ministerpräsident Grindeanu (Getty Images/AFP/A. Pungovschi)

Сорин Гриндеану на премиерската функција беше половина година

На гласањето за доверба на Сорин Гринденау во парламентот учествуваа само двете владејачки партии - социјалдемократите (ПСД) и либералите (АЛДЕ). Во барањето на владејачките партии до парламентот да му биде изгласана недоверба, меѓу другото стои дека премиерот владеел „во име на окултистичка и нелегитимна група“, дека не ги почитувал „демократските правила“ и дека покажувал „незрелост и политичка неодговорност“.

Изгласаната недоверба е финале на внатрепартискиот конфликт во ПСД. Имено, Гринденау (ПСД) не сакаше да потклекне под притисоците за повлекување од функцијата кои доаѓаа од неговата партија.

Лидерот на ПСД, Ливиу Драгнеа, бараше од Гриндеану да ги олабави законите кои ја санкционираат корупцијата. Драгнеа настојуваше да ја контролира владата, поради тоа што тој лично не смееше да биде премиер. Причина: Драгнеа е веќе осудуван. Освен тоа, против него се води и судска постапка поради обвинувања за злоупотреба на службената должност.

За да го натераат Гринденау на оставка, 25-мина од 26 министри во владата дадоа оставки под притисок на ПСД и АЛДЕ. Гриндеану почна да ги пополнува местата со нови луѓе и преку Фејсбук ја повика партиската база да му даде поддршка. Романскиот претседател Клаус Јоханис му даде поддршка на Гриндеану, со тоа што се противеше да именува нов премиер.

DW.COM

Реклама