Клуч за ноќниот живот по 23 часот | NRS-Import | DW | 20.10.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

NRS-Import

Клуч за ноќниот живот по 23 часот

Министерот за здравство, Венко Филипче, предупреди дека нема време за одлагање. Тој апелираше мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, итно да се донесат. Болниците се полнат, вели министерот.

Владата на денешната 13-та седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести. Со тоа ќе се ограничи работното време на сите угостителски објекти до 23 часот, освен оние што вршат испорака, а ќе се ограничи и капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило.

Владата ја прифати и препораката целата државна и јавна администрација, општините и судовите, да работат во смени или онлајн од дома или пак,  редуцирано со систем на ротации.

Денеска беа регистирани 408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, а починаа 4 лица. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјата од почетокот на епидемијата изнесува 24,196, бројката на оздравени пациенти е 17,673, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.673.Според извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до 18 октомври, пријавени се 49 смртни случаи од коронавирус од 16 градови, што е зголемување од 58,1% во однос на минатата недела.

Министерот за здравство, Венко Филипче, предупреди дека нема време за одлагање, ситуацијата со вирусот е сериозна. Тој апелираше мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, итно да се донесат.
„Пратениците да покажат одговорност и што побргу едногласно да се изгласаат двата пакети на мерки за заштита на населението и спречување на понатамошно ширење на вирусот. Барам сите сложно да испратиме порака на единство за важноста за почитување на мерките. Тие се целосно издржани, базирани на анализите на Институтот за јавно здравје и на меѓународните искуства. Исти или слични мерки во моментот веќе се во сила во сите европски држави“, потенцира министерот Филипче.

„Болниците се полнат и сите треба да сме свесни дека од секого од нас зависи како ќе ја надминеме состојбата. Следуваат ризичните есенски и зимски месеци и барам високо ниво на свест и почит кон трудот на здравствените работници“, посочи Филипче.

DW.COM

Поврзана содржина