Проверка на фактите: Дали заштитата на климата му штети на економскиот раст? | Свет | DW | 06.07.2021
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Проверка на фактите: Дали заштитата на климата му штети на економскиот раст?

Претпоставката е широко распространета: мерките за заштита на климата се скапи и ја забавуваат економијата. Од друга страна, штетата од климатските промени достигнува трилиони.

„It's the economy, stupid“, или во превод : „Тоа е економија, глупав“.

Оваа изрека ја смисли Џејмс Карвил, политички стратег на поранешниот американски претседател Бил Клинтон во успешната предизборна кампања за претседателските избори во 1992 година против Џорџ В. Буш. Денес, секој политички советник кој се почитува себеси, би се погрижил за тоа неговиот шеф во секоја прилика да каже: „It's the environment, stupid".

Но, дали тие се исклучуваат меѓусебно или економскиот раст и заштитата на климата се две страни на истата паричка?

Првите сеопфатни правила за животната средина датираат од 1970-тите. Оттогаш се води жестока дебата за нивните потенцијално штетни ефекти врз економскиот раст и конкурентноста: Општо е прифатено дека земјите кои се помалку строги во однос на политиката за животна средина имаат продуктивна и трговска предност во однос на оние што преземаат мерки за намалување на емисиите на штетни гасови. Загриженоста во овие земји е дека нивните сопствени индустрии со интензивната емисија на штетни гасови ќе страдаат од недостиг на конкуренција на пазарот.

Infografik Karte Import Export CO2 EN

Анализата на приватната организација со седиште во САД, Националното биро за економски истражувања, покажува дека просечниот пораст на глобалната температура од 0,04 Целзиусови степени годишно без контрамерки може да го намали глобалниот БДП за 7,22 проценти до 2100 година. Меѓутоа, ако земјите се придржуваат до Парискиот договор и го ограничат зголемувањето на температурата на 0,01 степени Целзиусови годишно, загубата на БДП ќе се намали на 1,07 проценти.

„Затоа во одреден момент во Парискиот климатски договор пишува: ’Поставуваме фиксна граница’. Можете да го замислите тоа како да одите кон падина покриена со магла. Во одреден момент треба да кажете: „Застани, отсега нема да одам понатаму!’“, вели Рикелс.

Истото размислување може да се примени и на енергетската ефикасност. „Денес, секој сака да живее во добро изолирана зграда, додека пред две децении сите рекоа дека е лудо да се има. Значи, ова е промена што бара напор, но на крајот носи економски придобивки", рече Нојхоф.

Елитистичка мисла?

Критичарите посочуваат дека иако ова може да се однесува на богатите индустријализирани земји, ситуацијата е многу лоша во посиромашните земји, кои многу често треба да изберат помеѓу заштитата на климата и економскиот раст.

„Особено земјите кои сѐ уште се многу сиромашни, т.е. имаат многу ниски примања по глава на жител, не размислуваат толку далеку во иднината“, вели истражувачката од Киел Рикелс. „Тие сè уште имаат примарен поттик за раст и помал интерес за долгорочни мерки за климатска политика“.

Повеќе:

Проблеми со климата: Најлошото допрва доаѓа

Каде сме пет години по Парискиот договор за климата

Самата заштита на животната средина придонесува за економски раст

Остануваат стравувањата дека - барем на краток рок - работните места ќе бидат изгубени во различни економски сектори и дека ќе се создадат неколку нови. Сепак, извештајот на ОЕЦД забележува дека е важно да се прави разлика помеѓу различни сектори. Повеќето работни места ќе бидат отворени во градежништвото, обновливите извори на енергија и услужните сектори во следните две децении. Се очекуваат загуби на работни места во производството, земјоделството, производството на храна и производството на енергија врз основа на фосилни горива.

Главното прашање е како може да се воспостави рамнотежа помеѓу економскиот раст и намалувањето на емисиите на СО2 и на крајот да се постигне климатска неутралност. Јохан Рокстром, директор на Потсдамскиот институт за истражување на влијанието на климата, ја истакна оваа противречност на годинашниот Светски економски форум во Давос. „Тешко е да се види дали сегашниот модел на економски раст врз основа на БДП може да оди рака под рака со брзото намалување на емисиите на штетни гасови“, рече тој.

Концептот на неутралност на климата, т.е. намалување на емисиите на СО2 на минимум и компензација на преостанатите емисии со мерките за заштита на климата, сè повеќе се прифаќа бидејќи сѐ појасно е дека е пожелно да се произведува енергија без фосилни горива. Во моментов има пет сектори со висок удел на јаглен - транспорт, греење, рударство, земјоделство и индустрија - каде што преминувањето кон јаглеродна неутралност ќе има економска и еколошка смисла.

Гледај видео 01:29

Климатски промени – Земјата забрзано губи билиони тони мраз

Промената бара огромен напор, вели професорот Нојхоф од DIW Берлин. „Сето тоа е трошок за општеството, но на крајот нема големи економски трошоци ако сè добро се изведе“.

Важен индикатор за тоа колку добро функционира политиката на заштита на околината во една земја е Индексот на ефикасност на животната средина (ЕПИ), инструмент базиран на податоци што ја проценува состојбата на одржливост. Резултатите за 2020 година покажуваат дека позитивниот ефект е тесно поврзан со економскиот просперитет (БДП по глава на жител). Земјите каде економијата цути, како што се Норвешка, Велика Британија или Швајцарија, можат да инвестираат во политики за заштита на климата што доведуваат до вин-вин ситуација за економијата и животната средина.

Акцијата против климатските промени на крајот ќе го поттикне економскиот раст кога ќе влезат во игра нови технологии,кои создаваат нови области на работа. Податоците кои моментално се достапни сугерираат дека земјите не мораат да ја жртвуваат одржливоста поради својата економска сигурнот или обратно.