Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!
Кирил Лазаров, роден на 10 мај 1980 година во Свети Николе е ракометар и македонски репрезентативец.
Лазаров, кој во моментов настапува за францускиот Нант, е најпознатиот македонски ракометар, и долги години најдобар десен бек во светот. Капитен е на македонската ракометна репрезентација и рекордер по број на постигнати голови на едно Светско (92) и Европско (61) првенство. Тој е првиот ракометар во европската Лига на шампионите кој успеал да постигне 1.000 голови.