Кинеската вселенска станица падна во океан | Панорама | DW | 02.04.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Кинеската вселенска станица падна во океан

Кинеската вселенска лабораторија „Тиангонг 1“, која неконтролирано леташе низ вселената, откако делумно согоре во Земјината атмосфера, падна во водите на Тихиот Океан.

Вселенската лабораторија „Тиангонг“ 1 влезе во атмосферата на Земјата над Јужен Пацифик и тука во најголем дел согоре, а останатите делови паднаа во вода, соопшти Центарот за вселенски летови во Пекинг.

Гледај видео 01:05

Кинеската вселенска станица Тиангонг1 падна во океан

„Тиангонг 1“ или во превод „Небеска палата 1“, излезе од контрола во март 2016 година, кога беше прекинат контактот со речиси осум тони тешката вселенска лабораторија и таа веќе не можеше да биде управувана и маневрирана во орбитата на Земјата. Од таа причина во цел свет од страна на експертите се следеше нејзиното движење и делумно се стравуваше од нејзиниот пад, иако се претпоставуваше дека во голем дел ќе согори во вселената. Областа каде се очекуваше пад на делови од околу 12 метри долгиот вселенски модул беше голема: од 43. степен јужно до 43. степен северно од Екваторот.

Вселенската лабораторија беше стартувана во септември 2011 година, во рамките на кинеската вселенска амбиција: постојана вселенска станица која се планира до 2022 година. Во 2016. година Кина ја испрати во вселената вселенската лабораторија „Тиангонг 2“.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама