Кина, Јужна Кореја и Јапонија здружени во атомскиот спор со Северна Кореја | Свет | DW | 24.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кина, Јужна Кореја и Јапонија здружени во атомскиот спор со Северна Кореја

Ракетните тестови на Северна Кореја се чини станаа товар за водечките азиски држави. Кина, Јужна Кореја и Јапонија сега сакаат потесно да соработуваат по прашањето на нуклeарно разоружување на Северна Кореја.

Политиката на Северна Кореја го донесе на иста маса некогашните ривали во Азија. Кинескиот премиер Ли Кечијанг, јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин и јапонскиот премиер Шинзо Абе на средбата во јужнокинеската метропола Ченгду се изјаснија за политичко решение на атомскиот конфликт.

Повеќе:

Истекува времето пред Северна Кореја да сврти „нов лист"

Пјонгјанг повторно го заострува тонот кон Вашингтон

Важно е дијалогот помеѓу САД и Северна Кореја да се одржи во кондиција, ја цитира јапонската агенција Кјодо изјавата на јапонскиот премиер Абе во врска со преговорите кои се во стагнација. Кинескиот премиер Ли Кечијанг, според јужнокорејската агенција Јонхап, оценил дека целосната денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и долгорочно мировно решение е заедничка цел на трите соседни земји. Јужнокорејскиот премиер Мун Џае Ин, пак, вели дека трите земји се договараат за да дадат поддршка на дијалогот околу денуклеаризација на Северна Кореја. „Го делиме ставот дека мирот на Корејскиот Полуостров е во интерес на сите три држави.“

Nordkorea 2017 | Militärparade in Pjöngjang

Регионот стравува дека Северна Кореја е повторно на курс на ескалација

„Божиќен подарок“

Во регионот се зголемуваат стравувањата дека Северна Кореја, со оглед на стагнираните преговори со САД, повторно е на курс на ескалација. Пјонгјанг им даде на САД рок до крајот на годинава за да направат чекор на приближување. И раководството на Северна Кореја, како што се вели, има „божиќен подарок“, чија содржина зависи од новите предлози на САД за преговорите. Како тој подарок би изгледал, не е јасно. Разговорите помеѓу Северна Кореја и САД заглавија откако втората средба на лидерите на двете земји, Ким Јонг Ун и Доналд Трамп,беа завршени предвреме во февруари годинава.

Реклама