Кина стартуваше сопствена мисија на Марс | Панорама | DW | 23.07.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Кина стартуваше сопствена мисија на Марс

Слетувањето на Црвената планета важи за посебно ризично. Кина таму сака да однесе свое ровер возило - како втора нација по САД, со кои во моментов е во политички конфликт.

Кина денеска лансираше ракета со ровер возило за Марс од космодромот Венчанг во јужната провинција Хајнан и така ја започна својата најамбициозна всленска мисија. Ова е втора мисија испратена на Марс неделава, поткако Обединетите Арапски Емирати  во понеделникот од космодром во Јапонија ја лансираа својата прва ракета на црвената планета.

САД наредната недела од Кејп Канаверал, на Флорида, ќе го лансираат својот ровер од новата генерација Персеверанс.

На кинеското вселенско летало ќе му бидат потребни 7 месеци да стигне до Марс, како и на останатите. Мисијата наречена „Тијанвен-1“ или „Потрага по небесната вистина“ има за цел да собере научни податоци за црвената планета.

Повеќе:

-Во очекување на вести од Марс

-Историска мисија на Марс

Меѓу останатото ќе се истражува постоење на подземни води, како и докази за можен живот. Ракетата носач „Долгиот марш-5“ е најголем кинески ракетен носач кој е употребен трипати експериментално, но никогаш со корисен товар.

Мисијата е една од најамбициозните за Кинеската вселенска програма, која нагло напредуваше од започнувањето на првата мисија со посада во 2003 година. Кина тогаш стана трета земја во светот која лансираше човек во вселената, по поранешниот Советски Сојуз и САД. Кина се стреми забрзано да фати чекор со Русија и со САД и да се позиционира како водечка вселенска сила до 2030 година.

Реклама