Кина пред Народниот конгрес: Напнато расположение и Ши Џинпинг-апликација | Свет | DW | 05.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кина пред Народниот конгрес: Напнато расположение и Ши Џинпинг-апликација

Стапката на економски раст во Кина опаѓа, извозот се намалува, а државните долгови растат - во вакви напнати услови денеска почнува Народниот когрес во Пекинг.

„Учи за силата на земјата“, гласи насловот на новата кинеска апликација, на кинески: „Xuexi Qiang Guo".  Притоа, во кинескиот збор за „учење“ се содржани буквите „Xi", кои истовремено го означуваат и името на државниот и партискиот претседател, Ши Џинпинг. Значи, пораката може да се протолкува и како: учи за Ши, а во апликацијата навистина станува збор исклучиво за него: неговите настапи, говори, теории за „новата ера на социјализам“. Оној кој се чувствува принуден на ваква форма на пропаганда, мора да е соочен со страв, вели еден критичар за новата Ши Џинпинг-апликација, кој плашејќи се од консквенции, сака да остане анонимен:

„Еден диктатор никогаш нема да се чувствува апсолутно сигурен. Мислам дека во актуелнава ситуација, многумина се против диктаторот, за што веројатно и самиот е свесен, поради зголемената гласност на критичките гласови во рамките на интересните и групите на моќ во партијата.“

Апликацијата извесно време се вброи во најсимнуваните на интернет во Кина, меѓу другото и поради тоа што нејзиното симнување за многумина државни службеници е обврска. Расположението пред почетокот на Народниот конгрес делува напнато, раководството се чини нервозно. Неодамна шефот на државата и на Комунистичката партија, Ши Џинпинг повика на кризна седница стотици високорангирани кадри. Тема - кинеските најголеми предизвици: трговскиот спор со САД, високите државни долгови, заканувачки банкроти на претпријатија и можен пораст на невработеноста. Довербата во Ши се рони, тврди критичарот од Пекинг:

„Одделни професори во Кина бараат повторно воведување на ограничување на мандатот на претседателот на државата и нова промена на уставот. Тие се противат на култ на личноста. Вакви апели во последно време се зачестени. Моќта на Ши Џинпинг веќе не е толкава како порано, таа е помала отколку пред промената на уставот.“

„Одделни професори во Кина бараат повторно воведување на ограничување на мандатот на претседателот на државата и нова промена на уставот. Тие се противат на култ на личноста. Вакви апели во последно време се зачестени. Моќта на Ши Џинпинг веќе не е толкава како порано, таа е помала отколку пред промената на уставот.“

China - APP - Xuexi Qiangguo - Propaganda App (Getty Images/AFP/G. Baker)

Нова пропагандна форма - апликација со Ши Џинпинг

На Народниот конгрес пред една година тоа беше клучна тема: со промена на уставот се укина ограничувањето на мандатот на шефот на државата. Овојпат нема вакви проекти, но ќе се расправа на пример околу закон за ново регулирање на странските инвестиции. Тоа би бил сигнал дека раководството во Пекинг планира натамошни чекори кон често бараното отворање на пазарот. Истовремено, и знак од страна на Кина првенствено насочен кон САД, со кои уште не е постигнат договор околу трговскиот спор. На отворањето на т.н. Советодавен парламент во Пекинг на викендот, претседавачот Ванг Џанг ги презентираше вообичаените фрази:

„Се наоѓаме во нова историска епоха. Предизвиците пред нас се тешки, патот е долг. Мораме да се обединиме околу Централниот комитет на Комунистичката партија со нашиот другар Ши Џинпинг на чело. Високо го издигнуваме знамето на социјализмот со кинески печат и ги следиме теориите на Ши Џинпинг за новата ера на социјализмот со кинески лик." 

Тоа е и целта на новата Ши Џинпинг-апликација – ваквите пораки и фрази да се врежат во главите на луѓето. Меѓутоа, апликацијата е само старо вино во нови шишиња, вели анонимниот критичар:

„Пред новата апликација постоеше серија на книги од Ши Џинпинг на тема владеење. И тогаш луѓето беа принудени да ги купуваат, беа испечатени во тиражи од преку 20 милиони примероци. Сега ги тераат да ја симнуваат пропагандната апликација. Тоа е истоветно со присилната претплата на партиските весници, ова не е ништо ново.“

Народниот конгрес во Пекинг ќе заседава десет дена. По правило, околу 3.000 делегати од кинескиот парламент само ги аминуваат предлозите на владата. Ретко досега имало гласови „против“, но за оваа година во тоа дел од набљудувачите не се сосема сигурни.

DW.COM

Реклама