Кина: Невестите „прескапи“ за обичните луѓе | Панорама | DW | 16.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Кина: Невестите „прескапи“ за обичните луѓе

Се повеќе мажи во рурална Кина остануваат неженети затоа што не можат да си дозволат да „купат“ невеста. Родителите за своите ќерки често пати поставуваат невозможни финансиски услови. Сега решение се бара во Конгресот

Растот на „цените на невестите“ ги прават браковите недостапни во рурална Кина и треба да се ограничат, а професионалните стројници мора да се зауздаат, предупредува еден делегат во кинескиот парламент.
Големиот економски раст во Кина во последната деценија ги зголеми и очекувањата на родителите, поради што пораснаа цените на предбрачните подароци, па сега неретко се очекува тоа да биде и цела куќа.
Во минатото, вообичаено беше додворувачот на родителите на невестата да им понуди околу 11 илјади јуани (околу 1.500 евра). Денес, родителите неретко бараат најмалку три „џин“ (1,5 килограми) банкноти од по 100 јуани, автомобил и куќа, вели Жанг Чингбин, делегат на годишниот Национален конгрес на Кина од провинцијата Хебеи.
„Во јужна или северна Кина, млад човек кој сака да се ожени мора да потроши околу 700 илјади јуани (околу 100 илјади евра)“, пишува Жанг во писмото до Конгресот.
„Ова е голем финансиски товар, а високите цени на невестите стануваат главна причина за сиромаштијата во руралните региони“, вели тој.

Излез во субвенционирање?

Во руралните предели, каде годишниот приход е едвај 15 илјади јуани (2.000 евра) или една третина од приходите во градовите, младоженците имаат акутна потреба од пари.

Harbin International Eis und Schnee Skulptur Festival (picture-alliance/Kyodo)

Во руралните предели на Кина се размислува за субвенционирање на браковите


Поради забавениот раст на економијата годинава, шансите за нив да најдат невеста се намалуваат, со што се продлабочува руралниот феномен познат како „заборавени мажи“ кои не можат да си дозволат брак.
Жанг ги обвинува родителите на потенцијалните невести кои сакаат да си го подобрат стандардот барајќи огромни цени од додворувачите.

Едно решение кое се предлага се субвенции, проект кој се покажал релативно успешен во градот Таијуан во блиската провинција Шанџи. Таму беше формиран Фонд за субвенционирање на бракови во 2017 година преку кој младоженците добиваат попусти на се и сешто, од свадбените фотографии, преку организација на меден месец, па се до опремување на станот.
Скапите бракови се одразуваат негативно и на најголемиот кинески демографски проблем- намалениот број на новороденчиња.
Повеќе делегати на Конгресот побараа подобри бенефиции за мајчинство за да ги охрабрат паровите да имаат повеќе деца. Кина веќе се соочува со остарено население и намалена работна сила.

 

DW.COM

Реклама