Кина даде дозвола за вакцината на Синофарм | Свет | DW | 31.12.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кина даде дозвола за вакцината на Синофарм

Точно една година откако Кина ја извести СЗО за корона-инфекциите, земјата даде дозвола за првата сопствена вакцина против коронавирусот.

Кинески Синофарм е фармацевтската компанија чија вакцина доби дозвола за примена. Податоците покажале дека таа ги исполнува стандардите на Светската здравствена организација и на Националната агенција за лекови и исхрана, се вели во официјалното соопштение.

Вакцината на Синофарм има „условена дозвола“, што значи дека во иднина ќе мора постојано да се контролира нејзината трајност и ефикасност. Синофарм соопшти дека вакцината дава 79-процентна заштита од Ковид-19. Таквите наводи се потврдени и од страна на кинеските власти.

Во Кина има уште три компании кои тестираат вакцини во завршна фаза - Анхуи Жифеи Лонгком, Кансино и Синовак. Земјата си зацрта за цел до крајот на годината да произведе 600 милиони дози. Државните медиуми јавуваат дека до средината на февруари би требало да бидат вакцинирани 50 милиони Кинези.

Повеќе:

Една година подоцна: Што научивме, од појавата на коронавирусот, досега?

Зелено светло за вакцината на АстраЗенека

ЕУ: Гигантскиот потфат на вакцинирање може да почне

Колкави се разликите меѓу вакцините против корона?

Иако досега немаше дозвола за широка употреба, Кина спроведува вакцинирање уште од летото. Според проценките, со дозвола за итни случаи веќе се вакцинирани над еден милион луѓе.

Според наводи на компанијата Синофарм, кинеската вакцина е помалку ефикасна од т.н. мРНК-вакцини на Бионтек и Фајзер и на Модерна, но таа може да се чува во обичен фрижидер. Голем број држави, пред се' во Африка и Јужна Америка, имаат нарачано кинески вакцини.

Реклама