Кина го претстави првиот домашно произведен носач на авиони | Свет | DW | 26.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кина го претстави првиот домашно произведен носач на авиони

Кинезите во иднина сакаат да им се слуша гласот и во светските мориња. По петгодишна изградба сега за првпат е пуштен во вода првиот носач на авиони произведен во земјата.

Кина денеска го претстави првиот носач на авиони која го игради сама и тоа ќе биде втор носач во нејзината флота. Државните медиуми, повикувајќи се на воени стручњаци, пренесуваат дека носачот, изграден во пристаништето Далијан на североистокот од земјата, ќе стапи во служба по 2020 година, бидејќи ќе треба време да се опреми и вооружи.

Трупот на бродот, погонот и главните бродски системи се во целост довршени, но ќе биде потребно време за вградување на вооружување и опрема за авионите, јавија кинеските медиуми..

Презентирањето следеше по прославата на 68. годишнина од основањето на кинеската морнарица, одбележана во неделата и се случува во момент на засилени тензии меѓу Северна Кореја и САД поради севернокорејската нуклеарна и ракетна програма.

Малку се знае за кинеската програма за  изградба на носачот на авиони бидејќи станува збор за државна трајна, но објавено е оти во неговата изградба се користени искуства од првиот носач Лиаонинг кој е купен во Украина во 1998 година и потоа е преуреден во кинеско бродоградилиште.

САД се недостижна поморска сила?

Новиот носач ќе биде опремен со конвенционално вооружување, а според податоците од Центарот за меѓународни стратешки студии во Вашингтон, ќе носи 24 авиони Шенјанг Ј-15, што е кинеска верзија на рускиот авион Сухој 33. Според истиот извор, носачот би требало да носи и 17 хеликоптери.

Кинеската морнарица во последите месеци има сѐ поистакната улога и нејзината команда ја презеде адмирал чија кариера е во силен раст. Првиот кинески носач на авиони неодамна пловеше околу Тајван, а нови кинески борбени бродови се појавија во подалечни делови на светот.

Кинески воени претставници, како што пренесуваат медиумите, наведуваат оти на Кина ѝ се потребни најмалку 6 носачи на авиони и мрежни бази ширум светот за да можат да се извршуваат нивните операции. Кинеската влада, сепак, јавно не одговори на претпоставките дека сака да биде глобално присутна онака како што е американската војска. САД располагаат со 10 носачи на авиони.

Носачот Лиаонинг учествуваше во воени вежби во Јужното Кинеско Море и неодамна во близината на Тајван, но се очекува дека ќе има поважна улога во обука отколку во борби.

 

DW.COM

Реклама