Кина ги влече конците во Хонгконг | Свет | DW | 17.06.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кина ги влече конците во Хонгконг

Пораката од масовните протести во Хонгконг е јасна: мешање на Кина е непожелно! Но градските власти како да не сакаат да го разберат тоа. Основиот принцип „Една земја, два система“ е загрозен, смета Данг Јуан.

И вчера (16.06) стотици илјади луѓе повторно излегоа на улица во Хонгконг. Тие бараа конечно прекинување на законодавната постапка за законот за екстрадиција и оставка на првиот човек на администрацијата Кери Лам. И покрај тоа што владата во Хонгконг и верниот поданик на Пекинг, Кери Лам го суспендираа донесувањето на контроверзниот закон: лутата маса луѓе веќе не протестира само против законот, туку и против обидите на Кина да ја преземе целосно контролата врз нивниот град. Ова е борба за да се заштити идентитетот на Хонгконг.

Хонгконг е сосем различен од Кина

Како поранешна британска колонија, основниот закон во Хонгконг, со кој на граѓаните им се гарантираат граѓанските права и слободи е направен според западен терк. Во основа е систем со демократски вредности во кои се вклучени владеење на правото и слобода на изразување и на медиуми. Термини кои се речиси непознати за Кина.

Кинескиот реформски политичар Денг Сјаопинг при обединувањето ова го формулираше во реченицата: „Една земја, два система“. Тоа во превод значи: Кина ги презема активностите поврзани со надворешна политика и одбрана, а се друго Хонгконг си го регулира сам. Со тоа Хонгконг има специјален статус и во основа е целосно различен од копното: сосем различен политички систем, друга валута, друг дијалект, дури различни штекери и се вози на лево. Луѓето таму се горди поради ова.

Тоа во теорија е така. Но политичката реалност подолго време е поинаква, а законот за екстрадиција, беше само повод за протести. Вознемиреноста на жителите на Хонг Конг поради постојаното мешање во внатрешните работи од Пекинг е големо.

Повеќе:

-Хонгконг: Суспендирање на спорниот закон за екстрадиција

-Маневарскиот простор за Хонгконг се стеснува

-Повторно солзавец и гумени куршуми против демонстрантите во Хонгконг

Додуша кинескиот амбасадор во Велика Британија демантираше дека Пекинг притискал за измена на овој закон, но многу индиции го зборуваат спротивното. Кога законот беше ставен на дневен ред за расправа, времето за дебата беше лимитирано, а процедурата убрзана. Но, која влада може да го игнорира фактот дека секој седми гласач излегол на протести? Администрацијата на Кери Лам долго остана тврдоглава. Објавата во саботата дека донесувањето на законот се суспендира на неодредено време не ги смири протестите.

Навистина според сегашниот закон човек од Хонг Конг кој и признал на полицијата дека ја убил својата бремена девојката за време на патување во Тајван не може да биде екстрадиран за да се соочи со казната, поради актуелните правни норми. Но, тргнување на генералната забрана за екстрадиција во Кина, Тајван и Макао отколку да се носи одлука за секој случај поединечно, не е соодветна и не ја остварува целта.

Кривично гонење на критичари на режимот

А, кој ли толку итно си посакува можност за легална екстрадиција? Се сеќавате ли уште на издавачот Бо Ли од Козвеј Беј Букс, кој продаваше на кинеското копно забранети книги? Во Хонг Конг во 2015 година му се губи секаква трага, за подоцна да се појави во Кина. Според верзијата на властите во Пекинг тој доброволно отпатувал. Притоа Ли воопшто и немал патнички документи со себе. Граничните власти во Хонгконг пак никаде немаат регистрирано дека ја прошол границата.
Тука е и случајот со мултимилијардерот и бизнисмен Ксиао Џијанхуа кој според прилог на "Фајненшл тајмс" во 2017 година бил “одведен од неговиот луксузен апартман од страна на пет или шест соработници на кинеската служба за државна безбедност облечени во цивилна гардероба заедно со неговите двајца телохранители на кинеското копно". Каде се наоѓа и што му се префрла до денес не е познато.
Поранешните законодавци во Хонгконг наведуваат причини зошто осмничени криминалци не смее да бидат екстрадирани во Кина, имено бидејќи таму нема фер процеси и правосудството не е независно. Активисти и критичари на режимот во егзил кои Кина сака да ги казни би можеле во иднина да бидат апсени во Хонгконг, дури и ако само застануваат за транзит на аеродром. Би можело да дојде време кога секој е потенцијално загрозен. И тогаш Хонгконг ќе стане како и секој друг град на кинеското копно.

Демократијата остана со „куси ракави”

Според член 5 од Уставот Хонгконг 50 години смее да си ги задржи своите права и слободи. Но, 22 години по враќањето на поранешната колонија Хонгконг на Кина нештата се сосема различни од договореното. Вистинската демократија во Хонгконг остана со “куси ракави”.
Директниот избор на претставници во Законодавниот совет и на првиот човек на администрацијата кои експлицитно се предвидени во Уставот, беше одложен. Во двата органи Пекинг го има главниот збор. Главниот оперативец се избира од страна на Комитет во кој прокинеските функционери имаат апсолутно мнозинство. Во градскиот парламент актуелно смее да се избираат само 35 од 70 мандати по пат на директни избори. Во актуелниот легислативен период демократската фракција има само 16 места. Особено младата генерација во Хонгконг не се согласува со “бандата” од Пекинг. Тие формираат нови партии кои бараат независност.
Од Пекинг за сега не коментираат. За големите демонстрации на кинеското копно нема информации благодарение на цензурата. На раководството на Комунистичката партија сосема му е доволно ако принципот "Една земја, два система" стои на хартија, оти хартија трпи се.

.

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама