Кина во 2020-та година ќе стане најголемиот туристички пазар на светот | Економија | DW | 27.11.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Кина во 2020-та година ќе стане најголемиот туристички пазар на светот

Само во 2006-та во Народната република допатувале цели 22 милиони странски туристи. Тоа се цели 10% повеќе во однос на претходната година. Астрид Фрајајзен испрати прилог на оваа тема.

default

Млада жена разгледува туристички прирачник за Кина

Туристи во малото гратче Дали, во подножјето на тибетанската висорамнина. Ова до пред некоја година беше тукуречи место во кое доаѓаа само намерници со ранец на грбот. Немаше туристички агенции, немаше масовни посети. Сето тоа се смени... овде никна дури и некаков стар град, што беше подигнат преку ноќ – со се ѕидини и стари градски порти.
Туристичкиот пазар доживува невиден подем во Кина, пред се‘ поради Кинезите кои патуваат – во сопствената земја, појаснува Лиу Гуошенг, шеф на туристичкото биро од Хамбург „Чајна турс„:
„Има неколку прекрасни подрачја под заштита, еден вид национални паркови, на пример на границата кон Тибет. Тие денес се преплавени од кинески туристи. Таму не доаѓа ниту еден Европеец.„
И Западниот свет ја открива Кина како туристичка дестинација
50 милиони странци патуваа во Кина само минатата година. Светската организација за туризам смета дека веќе во 2015-та Кина ќе ја надмине Франција како омилена туристичка дестинација во светски рамки. Германскиот концерн ТУИ беше прва странска туристичка компанија што во 2003-та година отвори сопствено биро во Кина. Годишно зделките на фирмата во Кина растат со стапка од 30 па се‘ до 70%, вели Марсел Шнајдер, шефот на ТУИ во Пекинг. Од тоа 18% се туристи од германско потекло.
Добар бизнис со хотелите
Во силен подем е и бизнисот со хотелите. Спроти Олимписките игри наредната година хотелски концерни од целиот свет градат нови капацитети во очекување на одлични зделки.
„Само синџирот Мариот отвора четири нови хотели. Истото се случува и со Џумеира, тоа е првиот арапски хотелски концерн што отвора хотел со шест ѕвездички. Овде се борат за превласт 15 хотелски синџири, но по некое време ќе дојде тоќчката во која ќе биде надминат зенитот„ – појаснува Роберт Гасер од синџирот „Ренесанс„ со седиште во Шангај.
Се‘ подобра инфраструктура
Во Кина во меѓувреме има изградено 500 аеродроми. А и железницата веќе одамна излезе од повојната фаза и сега по пругите се движат возови со огромна брзина.
„Ова мегаломанство во Кина, тоа мора човек да го доживее на своја кожа. Секоја година никнуваат илјадници километри автопат, така што Кина веќе сега е на второ место по вкупниот број километри автопат. Тој влегува речиси во секое село„ – со чудење појаснува Лиу Гуошенг.
Добро е за масовниот туризам
Во силен подем е очигледно масовниот туризам. За оние од Европа кои бараат нешто специјално, за нив понудата е ограничена, вели Манфред Боотс, сопственик на шангајската агенција „Последните граници„.
„Кога ќе дојде некоја комапнија и бара посебно доживување за топ менаџери на некоја фирма, тогаш им даваме да јаваат на камили низ пустината, а како изненадување ги водиме во мала оаза со студено шапањско.„
Кинескиот пазар е само делумно отворен
За Манфред Боотс кинескиот туристички пазар е се‘ уште премногу затворен. Тоа не е во склад со препораките на Светската трговска организација.
„Условите за пристап на пазарот, на пример висината на профитот или бројот патници се толку високо поставени, што овде имаат пристап само големите фирми. Кога и дали ќе се отвори простор и за помалите, тоа за сега не може да се предвиди!„
Згора на тоа мора да се каже и дека вносниот пазар за кинеските туристи кои патуваат во странство е и понатаму потполно затворен за странските понудувачи.


Реклама