Кина воведува санкции против САД поради Хонгконг | Свет | DW | 02.12.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кина воведува санкции против САД поради Хонгконг

Кина е лута на американските закони кои го поддржуваат демократското движење во Хонгконг. Затоа, раководството во Пекинг сега воведе санкции против САД. Спорот меѓу двете државите на тој начин се заострува.

Во спорот околу поддршката на демократското движење во Хонгконг, Кина воведе санкции против САД. Веднаш во сила стапува забраната за пристанување на американските воени бродови во Хонгконг а се работи и на воведување на санкции против американски невладини организации кои дејствуваат во Хонгконг, изјави портпаролот на министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг во Пекинг. Овие мерки би можеле да ги погодат невладините организации како Хјуман рајтс воч и Фридом Хаус, кои Чунјинг ги обвини дека се однесувале лошо.

Два закона

Со тоа Кина реагира на новите закони на САД за поддршка на демократското движење во кинескиот специјален административен регион. Вашингтон неодамна издаде две регулативи за поддршка на демократското движење. Првиот закон, меѓу останатото, предвидува можност за санкции против Кина за кршење на човековите права во Хонгконг. Покрај тоа, барем еднаш годишно, Стејт департментот на САД мора да провери дали Специјалниот административен регион има доволно автономија за да се квалификува за специјални привилегии на САД во трговијата.

Повеќе:

-Хонгконг: Демократите слават, Кина се заканува

-Треба ли да очекуваме нов Тјенанмен во Хонгконг?!

-САД на курс на конфронтација со Кина поради Хонгконг

Вториот закон им забранува на САД во иднина да испорачуваат солзавец, бибер спреј и гумени куршуми за полицијата во Хонгконг. Двата закона веќе беа донесени со широк консензус во американскиот Конгрес во минатата недела. Сепак, Трамп одолговлекуваше со својот потпис да ги стави во сила овие регулативи - главно поради веќе напнатиот однос со Кина како последица на  трговскиот спор.

Протест во Пекинг против американските закони

Владите на Кина и Хонгконг остро се спротивставија на законите за Хонг Конг, потпишани од страна на американскиот претседател Доналд Трамп. Министерствата во Пекинг и кинескиот специјален административен регион едногласно обвинија дека САД се мешаат во внатрешните работи на Кина. Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи ја обвини американската влада за „злобни намери“ и „отворен стремеж за моќ“. Законите во САД го прекршуваат меѓународното право, гласеше оценката на властите во Пекинг и Хонконг.

 

DW.COM

Реклама