Ким во посета на Кина | Свет | DW | 08.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Ким во посета на Кина

Неговото патување кај моќниот сосед не беше најавено, како впрочем и во минатата година. Првиот човек на Северна Кореја ќе остане таму до четврток. Има доволно теми за разговор - а можеби и нешто да се прослави.

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун заедно со сопругата Ри Сол-Ју и повеќе високи државни функционери престојува  во повеќедневна посета на Кина. Ким допатува во соседната земја со воз на покана на претседателот на Кина, Ши Џинпинг, соопштија државните новински агенции на двете земји. Тој ќе престојува  во Кина до четврток, а за причините за посетата не се наведени повеќе детали. Според она што е познато, Ким денеска треба да го прослави 36. роденден.

Кина е единствениот сојузник и важен трговски партнер на изолираната земја и важен дипломатски фактор во чувствителните преговори за нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.

Повеќе:

-Северна Кореја продолжува со ракетната програма

-Пјонгјанг и Сеул потпишаа договор за денуклеаризација

-Ким бара втор самит со Трамп

Инак,у ова е четврта посета на Кина во последниов период. Ким минатата година трипати го посети Пекинг за да се сретне со кинескиот претседател - пред и по самитите со претседателот на САД, Доналд Трамп и пред самитот со јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин. Ниту една од овие посети не беше претходно најавена. Првата посета на Пекинг во март минатата година беше воедно и прво патување во странство на Ким, кој дојде на власт во Северна Кореја во 2011 година.

DW.COM

Реклама