Киев и сепаратистите разменија воени затвореници | Свет | DW | 28.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Киев и сепаратистите разменија воени затвореници

Дали е тоа знак за намалување на тензиите во конфликтот во источна Украина? Двете завојувани страни - Украина и проруските сепаратисти - разменија повеќе од 300 затвореници.

Тоа беше една од најголемите вакви размени од почетокот на вооружениот конфликт во источна Украина во април 2014 година. На првата размена на затвореници од септември минатата година наваму беа разменети вкупно 306 затвореници - 73 од проруските бунтовници беа ослободени, 233 од украинската страна. Стотици луѓе на аеродромот во Киев подготвија ентузијастички дочек за првите повратници.

Повеќе на темата:

-Битка за превласт меѓу сепаратистите во источна Украина?

САД ќе ја снабдат Украина со оружје

-Сепаратистите во источна Украина прогласија држава

Првично требаше да бидат разменети вкупно 380 затвореници. Главната причина за тоа што на крајот испаднаа помалку беше фактот дека десетици затвореници на Киев не сакаа да се вратат кај бунтовниците. Од друга страна, две лица одлучија да останат на бунтовничката страна. Во септември 2016 година до оваа размена, украинската армија ослободи четири затвореници, сепаратистите двајца.

Украинскиот политичар Виктор Медведчук, кој се смета за човек од доверба на рускиот претседател Владимир Путин и кој во името на владата во Киев преговараше со бунтовниците, најави уште една размена на затвореници, во која 19 затвореници на бунтовниците требаа да бидат разменети за 74 лица кои затворени ги држи Киев. Датумот за оваа размена меѓутоа досега не е објавен.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон ја поздравија оваа акција како „важен хуманитарен гест и чекор напред кон спроведувањето" на Мировните договори од Минск.

DW.COM

Реклама