Кевин Спејси соочен со обвинение | Свет | DW | 25.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Кевин Спејси соочен со обвинение

На оскаровецот Кевин Спејси му се заканува обвинение поради сексуална принуда. Тој на 7 јануари пред суд ќе биде сослушан во врска со обвиненијата за неморално однесување и телесни повреди, соопшти обвинителството.

Обвинителството во американската сојузна држава Масачусетс соопшти дека актерот Кевин Спејси на 7 јануари треба да се појави пред судија во округот Нантакет. Обвиненијата за неморален напад и телесни повреди се однесуваат на случај од јули 2016 година, во ресторан на островот Нантакет. Минатиот ноември, според американската водителка Хедер Анру, Спејси му вршел притисок на нејзиниот тогаш 18-годишен син да конзумира алкохол, по што актерот почнал со неморално однесување и принуда. Кога Спејси подоцна отишол во тоалет, нејзиниот син успеал да избега и подоцна сѐ ѝ раскажал на сестраси.

Истрага и во Велика Британија

Обвинителството во Лос Анџелес на почетокот на септември поради застареност го архивираше случајот од 1992 година, во кој 59-годишниот Кевин Сепјси беше обвинет за сексуално злоставување.

Истрага се води и во Велика Британија. Во лондонскиот театар Олд Вик, во времето кога Спејси таму бил уметнички директор, тој наводно вознемирувал 20 мажи. Актерот објави видео на Твитер, во кое од фановите побара да не веруваат во клевети. Тој нема да плати цена за нешто „што не го сторил“, вели Спејси.

Schauspieler Kevin Spacey der Netflix-Serie House of Cards (Reuters/M. Anzuoni)

Кевин Спејси доби отказ од Нетфликс

Кариерата е уништена

Против ѕвездата од серијата „Куќа од карти“ во 2017 година беа изнесени серија обвинувања. Актерот Ентони Реп изјави дека како 14-годишник бил вознемируван од Спејси во 1980-те. Спејси му се извини на Реп, но рече дека не се сеќава на инцидентот.

Повеќе: #MeToo - Кавга која се исплати!

Според изјава на една портпаролка во 2017. Спејси одел на терапија. Мрежата Нетфликс му даде отказ на Спејси поради истрагите. Актерот се повлече од јавноста, а неговата кариера е уништена.

DW.COM

Реклама