Кастро најави натамошно отворање на кубанската економија | Свет | DW | 22.12.2013
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Кастро најави натамошно отворање на кубанската економија

Претседателот на Куба, Раул Кастро го потврди курсот на отворање на пазарот и стопанството во карипската држава со социјалистичка власт. Тој порача дека Куба сака и подобри односи со САД, меѓутоа...

На крајот на последната годинашна седница на парламентот во Хавана, кубанскиот претседател Раул Кастро најави нов закон за странски инвестиции во кубанската економија.

„Странските инвестиции се од огромно значење за зајакнување на економскиот развојот на земјата“, изјави Кастро во Хавана.

Тој најави дека во март ќе свика вонредна седница на Националното собрание за да се дискутира за ова прашање. Според важечкиот закон од 1995. година, странските инвеститори мораат секогаш да склучат партнерство со кубанска државна фирма. Како натамошен пример за промените Катсро го посочи растот на приватниот сектор. Преку 440 илјади Кубанци во меѓувреме работат како слободни претприемачи. Откако ја презеде власта во земјата од неговиот брат Фидел Кастро, Раул спроведе бројни мерки за либерализација на економскиот сектор.

Меѓутоа, тој повторно ја исклучи можноста за реформа на еднопартискиот систем. Куба сака подобри односи со САД, но никогаш нема да попушти пред барањата за промена во нејзиниот политички и економски систем, порача Раул Кастро.

„Ние не бараме од САД да го променат политичкиот или социјалниот систем и не прифаќаме преговори за нашиот систем“, нагласи тој. Кастро во обраќање пред пратенците истакна дека двете земји по непријателството, кое траеше над половина век, успеале да одржат разговори за прашања од заеднички интерес. Доколку навистина сакаме да го поттикнеме развојот на билатералните односи, потребно е да научиме да ги почитуваме нашите разлики. Доколку тоа не се случи, подготвени сме да да живееме уште 55 години во истата ситуација, рече Кастро.