Карлес Пуџдемон на слобода со кауција | Свет | DW | 06.04.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Карлес Пуџдемон на слобода со кауција

Етапна победа на сепаратистичкиот лидер од Каталонија - германскиот суд со кауција го пушти на слобода Карлес Пуџдемон, со што германската политика веројатно ја доведува во непријатна позиција.

Некои судски одлуки ни се допаѓаат повеќе, некои помалку, но мора да се прифатат“,  гласи првата реакција на шпанскиот министер за правда од Мадрид, Рафаел Катала, откако Вишиот покраински суд во Шлезвиг Холштајн донесе одлука и го ослободи сепаратистичкиот водач Карлес Пуџдемон од притвор со кауција и реши да не го испорачува во Шпанија врз основа на обвинувањето за побуна. 

Владата во Мадрид се воздржува од поконкретен став сѐ додека не ја проучи пресудата од Германија.

Пуџдемон пак синоќа твиташе: „До утре. Ви благодарам на сите.“ По неговото пуштање од притвор во Нојминстер денеска, тој изјави дека „политичките затвореници претставуваат срам за Европа“. 

Театарот околу Пуџдемон

Мора ли Германија да го испорача Пуџдемон?

Германските судии не го прифатија обвинението кое во Шпанија Пуџдемон го товари за побуна, дело кое не постои во германското кривично право, а евентуален еквивалент би било кривичното дело „велепредавство“. Но, за Пуџдемон да биде кривично гонет за ова дело, подразбира извршена примена на насилство, за што следува затворска казна до 25 години. Вишиот покраински суд смета дека дури и примената на насилство не би била доволен критериум: обвинението за велепредавство би било оправдано само ако под притисок на демонстрантите уставните органи би биле присилени да капитулираат, што не беше случај во Шпанија. За германските судии останува единствено обвинението дека Пуџдемон проневерил пари, што е многу полесен деликт за кој е предвидена максимална казна од осум години затвор. Каталонскиот сеператист е пуштен од притвор со кауција од 75.000 евра. Тој не смее да ја напушти Германија и еднаш неделно треба да се јавува во полицијата во Нојминстер.

Дали Пуџдемон крајно ќе биде испорачан од Германија во Шпанија, треба да реши Генералното обвинителство на Шлезвиг Холштајн, на што тој има право на жалба.

Пуџдемон беше разрешен од функцијата регионален претседател во Каталонија и побегна во егзил во Белгија, за да спречи апсење во Шпанија. Од Белгија пред околку две недели тој патуваше во Финска, а на враќањето од таму беше уапсен во Германија поради шпанскиот издаден европски налог за апсење.

DW.COM

Реклама